Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

МУЦУНСКИ НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИ СО „ВРЕДИ“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците.

Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

БОКИ 13 ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРОТИВ ЗАЕВ, РУСКОВСКА, СПАСОВСКИ...

Шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 поднел кривични пријави против повеќе поранешни функционери, именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители.

Изјави дека кривичните пријави се дел од кривично-правна операција „Бумеранг“.

„Се работи за кривични дела коишто се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства, повеќе кривични дела за кои се поднесени кривични пријави“, кажа Јовановски.

ПРОНАЈДЕНО ЛИЦЕТО ШТО ГО ЗАПАЛИ МОСТОТ БЕЛАСИЦА

По една година од инцидентот, идентификувано е лицето што го запали мостот Беласица кај Автокоманди и против него ќе биде поднесена кривична пријава. 

Техничкиот министер за вантрешни работи Панче Тошковски сепак нагласи дека пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година веќе се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ "Скопје" за друго дело -  тешка кражба.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Околу 8 милиони евра вкупно од премиум тарифи може на годишно ниво да наплатуваат новите биогасни централи за производство на електрична енергија кои започнаа со работа на рајот на минатата, односно на почетокот на оваа година.

Група акционери на градежната компанија „Гранит“, кои заеднички поседуваат над 5 отсто од акциите на ова акционерско друштво, бараат поголема дивиденда од таа што ја предложи Управниот одбор, и за ова нивно барање ќе треба да се изјасни мнозинството акционери на претстојното Собрание.

Очекуваа повеќе пратеници, но среќата не им беше сосема наклонета и поради математиките на сегашниот изборен модел. 

СДСМ на последните парламентарни избори освои 18 пратенички места, најслаб резултат на партијата досега на едно изборно соочување, какви што ги имало во изминативе три децении независност.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести