Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет, Ковачки е нов генерален секретар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет, Ковачки е нов генерален секретар

ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВ ИЗВРШЕН КОМИТЕТ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа седница на која беа донесени клучни одлуки за понатамошно јакнење и модернизација на партијата.

Како што истакна премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, Централниот комитет одлучил за избор на нов Извршен комитет, кој претставува спој на искуство и нова енергија, преку комбинација од членови од претходните состави и новоизбрани кадри. Вели дека овие одлуки се јасен сигнал дека партијата се менува и се прилагодува на новите политички и општествени предизвици.

РАДУЛОВИЌ САКАЛА ДА ПОМОГНЕ НА ПРИЈАТЕЛ ЗА ВАДЕЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Името на поранешната ракометна репрезентативка, Валентина Радуловиќ, беше споменато во скандал со издавање на лични документи, а набрзо по објавата преку социјалните мрежи таа ги демантираше таквите информации.

Таа вели дека само сакала да помогне на пријател.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пасоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.

СЕ ИЗВИНИ УШТЕ ЕДЕН ЧОВЕК КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ПРОТЕСТИТЕ

Откако протестираа и се закануваа со тепачки, нереди и убиства, почнаа да се извинуваат. По извинувањето на Рафет Мемишовски, пристигна извинување од Феим Мемишовски, кој рече дека се изнервирал затоа што неговиот син му кажал дека возилото му го одзела полицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Земјиште во приватна сопственост го водат како земјиште под владина сопственост, дел од земјиште се води по локации, без усогласеност со катастарските парцели. Ова е само мал дел од забелешките на ревизорите во конечниот ревизорски извештај за работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР).

„Алма-комерц“, фирмата на трговецот со горива Ангел Пецов, која се посочуваше како клучен генератор на лажни фактури со кои се намалувал даночниот долг на поврзани компании во случајот „Синџир“, од крајот на минатиот месец е во стечај на барање на Управата за јавни приходи.

Многу време поминато на социјалните мрежи и пред телевизор, наспроти малку читање, волонтирање, патување, спортување. Вака генерално би го опишале начинот на кој нашите граѓани го исполнуваат слободното време, во однос на луѓето од развиените земји каде навиките се поинакви и времето се користи попродуктивно.

Додека очите на светските дипломати ќе бидат вперени во Оман каде ќе се одржи првата рунда преговори меѓу САД и Иран, многумина си го поставуваат прашањето што ќе се случи доколку дојде до воена интервенција и промена на режимот во Техеран. 

Слично

Поврзани вести