Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листи со кои ќе трча на избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листи со кои ќе трча на избори

МИЦКОСКИ ГИ ОБЈАВИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ

Христијан Мицкоски ќе ја предводи листата на пратеници во првата изборна единица, Владо Мисајлоски во двојката, Драган Ковачки во трајката, потпретседателот Александар Николовски во четворката и пратеничката Дафина Стојановска во шестата изборна единица. Денеска ќе биде познат и носителот на листа во петтата изборна единица, потврди партискиот лидер Христијан Мицкоски. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање затоа што вели изборот е ВМРО -ДПМНЕ од една страна и двоецот СДСМ-ДУИ од друга.

РАЗУЗНАВАЧИТЕ ОТКРИЈА СОМНИТЕЛНА ФИРМА СО РУСКИ КАПИТАЛ

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма. 

ПОВЛЕЧЕНА Е РЕКЛАМА ВО АВСТРАЛИЈА ПОРАДИ „ИСТОРИСКА МАКЕДОНИЈА“

Успеа протестот на грчката заедница во Австралија против рекламата за „историска Македонија“.

Телевизиската реклама што ја претставуваше Северна Македонија како „историска Македонија“ конечно е повлечена, откако предизвика бура кај грчко-австралиската заедница, објавува Neos Cosmos.

Ова доаѓа како резултат на писмото кое го испратил член на грчката заедница до Асоцијацијата на австралиската туристичка индустрија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија има по неколку илјади слободни работни места според објавените огласи за работа, но во нив често не пишува колкав ќе биде износот на платата, а фалат и други детали, во смисла колку работници бараат, дали се работи за вработување на неопределено или определено време, дали станува збор за хонорарна работа. 

Соле 24, компанија која првенствено на слободниот пазар во Македонија продава електрична енергија, е последниот снабдувач кога ЕСМ го одбра за купување на природен гас за двете топлани во Скопје.

Тетовски „Жито Полог“ објави голема загуба за минатата година. Цели 357 илјади евра е негативниот финансиски резултат со кој компанијата ја завршила ланската година, откако само една година претходно, односно во 2022 година, работела позитивно и прикажала добивка од 243 илјади евра.

Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! 


Слично

Поврзани вести