ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Џафери по аудио снимката на која навредува, Ковачевски вели недостигаат детали
ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ЏАФЕРИ, А КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ НЕ СЕ ГЛЕДА КОЈ И СО КОГО ЗБОРУВА
Премиерот Димитар Ковачевски не сака да го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери од снимката направена на пленарна седница во Собранието. Претседателот на Владата вели дека недостигаат детали.
- Таа снимка ја погледнав, но не се гледа со кого се разговара, ниту кој разговара. Не можам да дадам коментар, бидејќи нема конкретно кој зборува и со кој зборува, одговори Ковачевски на настан во Велес запрашан од медиумите да даде коментар за овој инцидент.
Аудиоснимката покажа скандалозен однос на спикерот Талат Џафери кон вработени во Собранието.
„Непријатно сме изненадени од примитивизмот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцовки ги малтретира вработените во Собранието“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ во однос на аудиоснимка од настанот објавена од партијата.
На снимката се слуша како тој пцуе. Снимката можете да ја чуете овде.
НЕМА ДОГОВОР МЕЃУ СОНК И МОН
До вторник ќе се знае дали наставниците ќе добијат повисоки плати или повторно ќе има штрајк.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори изјави дека е постигнато усогласување за некои ставови, но сега не може да тврди дали ќе постигнат договор или штрајкот повторно ќе се активира.ЌЕ ИМА КРИВИЧНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО
Тетовското обвинителство уврдило кривична одговорност за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово лани, кога живи изгореа 14 пациенти.
Основното обвинителство во Тетово, како што дознава Алсат, ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице за пожарот во модуларната болница. Предметот се очекува следната недела да биде доставен до Судот во Тетово.НОВИ НАПАДИ И ЖРТВИ ВО УКРАИНА
Најмалку двајца загинати и седум повредени има при руските напади во градот Дергачив во Украина.
„Руска ракета погоди и територија на аеродромот во Харков, а во гранатирање на областа Салтивка, повредени се три лица“, изјави гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов.
Руските сили извршија ракетен напад врз нафтена рафинерија во индустрискиот град Кременчук во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоарите за гориво.Украинците ги спречиле руските сили да поминат клучна река во источна Украина.
Украинското Министерство за одбрана денеска објави слики од оштетениот руски понтонски мост над реката Сиверски Донец, а има и неколку уништени или тешко оштетени руски воени возила во близина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
