ФАКТОР НА ДЕНОТ: Влегува во употреба бројот за итни случаи 112, ќе има авио линија Скопје - Софија
ВЛЕГУВА ВО УПОТРЕБА БРОЈОТ 112
Со 2,3 милиони евра поддршка од ЕУ за хардверм софтвер и стручна помош, и во Македонија покрај постоечките броеви за итни случаи, во земјава во функција веќе е и бројот 112.
Со свртување на тој број за најбрзо време ќе успеете да добиете побарувана услуга од брза помош, полиција или противпожарна бригада.
Според најавите, овој број работи како едношалтерски сервис.
ЌЕ ИМА ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО СОФИЈАМинистерот за локална самоуправа Горан Милевски откри дека промотивниот лет од директната авионска линија што треба да се воиспостави помеѓу Софија и Скопје траела 35 минути.
„Ги поврзуваме Скопје и Софија и по воздушна линија. За само 35 минути слетавме во Скопје. Во првиот лет заедно со колегата Бочварски и со министерот и заменикот за транспорт и министерот и заменичката за туризам на Бугарија, како и со бројна делегација бугарски туроператори и новинари“, напиша Милевски на Фејсбук.
Авионската линија треба редовно да профункционира од март преку компанијата „Гуливер“, а билет најверојатно ќе чини 50 евра.ДЕНЕС ИМА НАД 1.300 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.АПАСИЕВ „КРОИ“ НОВ ЗАКОН, И НА РАБОТНИЦИТЕ ДА ИМ СЛЕДУВА АПАНАЖА
Пратеникот Димитар Апасиев, лидер на Левица, најавува дека неговата партија ќе предлпожи законско решение со кое, како што вели, „апанажа“ ќе им следува и на работниците, а не само на пратениците и на другите избрани функционери, откако ќе заврши нивниот работен однос.
Ова следува откако вчера мнозинството народни избраници не го прифати предлог законот на Левица, предложен од двајцата пратеници на таа партија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, со кој се бараше да се укине апанажата на пратениците и на другите функционери, бидејќи, како што објаснија во текстот на предлог законот, со тоа се ставаат во нерамноправна положба другите работници, на кои по отпуштањето од работа, им следува многу помал надомест од државата, но и во траење од пократок период, а за да ја добијат таа државна помош треба да исполнат и многу други предуслови.ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ
Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на пензиите и тоа за 20 отсто.
Според нив, бидејќи струјата поскапе, пензионерите треба да примаат повисоки пензии од април. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги поднесе законските измени во парламентот. Пратеникот Никола Мицевски апелираше до парламентарното мнозинство да ги поддржи измените. Од СДСМ сметаат дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, но ветуваат дека пензиите ќе се зголемуваат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
