ФАКТОР НА ДЕНОТ: Властите преземаат чекори за решавање на проблемот со метежот на граничните премини
ВЛАСТИТЕ ВО РЕГИОНОТ ПРЕЗЕМААТ ЧЕКОРИ ЗА ГУЖВИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска информираше дека земјите од регионот, во тесна соработка со Европската Унија(ЕУ) и нејзините земји членки, преземаат чекори за решавање на проблемот со метежот на граничните премини, кој е најизразен за време на летната сезона.
Вели дека веќе се водат интензивни разговори на највисоко и на техничко-административно ниво за воведување олеснувања и за надминување на предизвиците.
„Постои подготвеност од земјите членки на ЕУ да покажат флексибилност кон регионот. Очекуваме во летниот период, кога фреквенцијата е најголема, да се преземат соодветни мерки за намалување на метежот“, изјави Муцунски.
Тој потенцираше дека сè уште нема официјално потврдени одговори за конкретните решенија, поради што е рано да се споделуваат детали.ДОКТОР СТАНКОВ СВЕДОЧЕШЕ ЗА „ПУЛС“
Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, во судницата во „Идризово“ изјави, дека кај 33 жртви се пронајдени цијаниди во крвта, кај 49 имало присуство на алкохол, кај осум дрога и кај четири имало седативи и антидепресиви.
НАСТАВНИЦИТЕ ЌЕ ДЕЖУРААТ ВО УЧИЛИШТАТА
Се враќа обврската наставниците да дежураат на одморите.
Министерството за образование и наука (МОН) најави засилени безбедносни мерки и поголем надзор во училиштата како одговор на неодамнешниот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров.
Министерката за образование, Весна Јаневска информираше дека веќе се испратени дописи до сите градоначалници и училишта. Наместо ученици, во ходниците и дворовите сега ќе мора да дежураат наставници.КРИВИЧНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Покрената е кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров, објави Министерството за внатрешни работи.
БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ
Од полноќ возачите ќе точат поскапи горива. Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,47 отсто во однос на претходната одлука од 27 април.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
