ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта не е против лидерска, но не сака уцени
ВЛАСТА НЕ САКА УЦЕНИ
Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не се против лидерска средба на политичките партии, што ја побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но велат дека средбата не треба да се одвива под притисоци и наметнати теми, како што предвремени избори.
Лидерот на Интегративците Али Ахмети вели дека нема ништо лошо во тоа да се одржи средба на лидерите, но без уцени и наметнувања, туку да се разговара на одредени теми.
СОНК И МОН ПРОДОЛЖУВААТ СО ПРЕГОВОРИ
Во недела СОНК и МОН повторно ќе преговараат. Станало збор за нов процент за покачување на платите.
„Доставивме барање, иницијатива до МОН за исптлата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал имаме проблем во МТСП со детска заштита, има навистина сериозен проблем каде што еве до ден денес нема сигнал дека таму ќе бидат исплатени дневниците, може да биде сериозен проблем во нарушување на процесот на преговори“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.СКОРО ПОЛОВИНА МИЛИОН ГРАЃАНИ БИЛЕ ПОД ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈА
Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451.900, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика.
Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
