Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го повлече Законот за надворешни работи, а од Софија стигнуваат остри тонови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го повлече Законот за надворешни работи, а од Софија стигнуваат остри тонови

ВЛАСТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Власта го повлече Законот за надворешни работи откако опозицијата најави блокада за амбасадори со двојно државјанство.

СДСМ, ДУИ и БЕСА го повлекоа измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да поседува и државјанство од друга држава. Според предлагачите, токму ВМРО-ДПМНЕ во мисија, спротивно на закон, испраќала дипломати со двојно државјанство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против тоа амбасадорите да имаат двојно државјанство, и ќе го блокира предлог-Законот за надворешни работи.

Пратеникот Антонио Милошоски заедно со неговите колеги пратеници ќе поднесат 300 амандмани, затоа што сметаат дека е погрешно амбасадор на Македонија да има и друго државјанство покрај македонско.

ОСТРИ ТОНОВИ ОД СОСЕДНА БУГАРИЈА

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов продолжува со провокации и оспорување на македонската нација. 

Тој во уште една своја изјава тврди дека Македонците  не постоеле пред 1944 година. 

„Секој нормален човек што прочитал повеќе од пет страни историја, знае дека не постои македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година“, изјави денеска Каракачанов. 

За Каракачанов проблем претставвуа и тоа што во Македонија нема бугарски медиуми. Вели дека српски има, но бугарски нема. 

Тој повтори дека Бугарите и Македонците зборувале ист јазик. 

Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во програмата на „Дарик радио“.

На Македонците им порачува дека патот до ЕУ води преку Софија, а не преку метрополи кои би извршиле притисок на Бугарија. 

НОВИ 357 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43,  Тетово-27,  Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.

Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

ЕВРОПА ИСПЛАШЕНА ОД НОВИОТ ПОДВИД НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок изјави денес дека новиот вид на коронавирус е „надвор од контрола". 

Со тоа вели дека е непоходно затворањето на Лондон и на дел од Англија, што може да потрае сè додека не се вакцинира населението.

„Мора повторно да воспоставиме контрола, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти“, изјави Мет Хенкок за Скај њуз.

Вели дека ова ќе биде тешко додека да се вакцинира населението. 

Слично

Поврзани вести