ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата усвои пакет мерки, ќе има нула ДДВ на основните прехрамбени продукти и ваучери за 35.000 лица
ВЛАДАТА ДОНЕСЕ МЕРКИ
Владата ја намали повластената стапката на ДДВ од 5 на 0 проценти на клучните продукти односно на лебот, шеќерот, брашно тип 400, сончегледово масло, трајно млеко свежо месо, ориз и јајца, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ова е една од мерките кои се усвоени на денешната владина седница. Пакетот од 26 мерки и препораки, како што рече, содржи мерки за заштита на животниот стандард и мерки за компаниите преку развојната банка
Со намалувањето на ДДВ, вели Ковачевски се спречува наднормален профит и се штити стандардот. Владата испланиралада даде ваучери по 1.000 денари за три месеци на 35.000 граѓани за купување основни производи
Се укинуваат царинските давачки за увоз на прехранбени производи, соопшти Ковачевски.
Рече и дека ќе има субвенции за пензионерите од 1.000 денари за 3 месеци за купување на основни производи.Денеска до крајот на денот Регулаторната комисија за енергетијка ќе донесе нова одлука за цените на нафтените деривати што се продаваат на бензинските станици во земјава.
Каква ќе биде таа одлука засега не се шпекулира, но факт е дека цените на нафтата на светските берзи оди нагоре, што значи дека ќе станува збор за зголемување на цените на нафтените деривати.ВОЗАЧИТЕ СЕ ВРАЌААТ, КАМИОНИТЕ ОСТАНАЛЕ ВО УКРАИНА
По речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, возачи на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони, јавува Сител.
Сопственикот на фирмата изјавил дека двата камиони биле запленети без никакво објаснување и документ. Украинските гранични служби синоќа им соопштиле на возачите дека имаат околу пет минути да ги земат личните работи и да си заминат од државата.ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ШИЛЕГОВ
Автомобилот марка „ауди“ во сопственост на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов синоќа бил опожарен.
Последен пат автомобилот бил возен ножеска од сопругата на Шилегов, а бил регистриран на едукативен центар Џуниор.ПОВРЕДЕНИ СЕ 17 ЛУЃЕ ПРИ БОМБАРДИРАЊЕ НА МАРИУПОЛ
Во Мариупол, градот кој го бомбардираа руските сили се повредени 17 луѓе.
Во бомбардирањето на детската болница, во која спаѓа и родилиштето, се ранети 17 лица, а меѓу ранетите има и една жена која се породила.
Бомбардирањето се случило за време на договорениот прекин на огнот со Русија кој требаше да трае до 21 часот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Срамежливо и полека, ама новите градоначалници си почнаа со вработувањата на сопствени кадри во општините со кои раководат. Речиси секој ден на веб страната на Агенцијата за администрација осамнува по некој оглас за вработување во пооделните локални самоуправи, или, пак, во установи кои се формирани од општините.