Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се премисли за ДДВ -то на некои производи, во Израел продолжуваат жестоките борби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се премисли за ДДВ -то на некои производи, во Израел продолжуваат жестоките борби

ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ ЗА ДДВ-ТО НА НЕКОИ ПРОИЗВОДИ

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапка од 5 отсто, а допрецизирани се тарифните броеви за дел од производите за исхрана.

На денешната владина седница, донесена е измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, а која беше усвоена на 28 септември 2023 година со која се допрецизираат неколку тарифни броеви кои во пракса создадоа дилема во примената на повластената стапка од 5 отсто, поради поголемиот број на производи по ист тарифен број.

СОРАБОТНИК НА НАЗИМ БУШИ ОТВОРЕНО ГО ПОДДРЖУВА ХАМАС

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев тврди дека близок соработник на заменик-министерот на МВР, Назим Буши, отворено застанал на страна на Хамас во ситуација кога Владата му дава поддршка на Израел.

„Во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел.

Имено, станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ИЗРАЕЛ

Околу 100 тела се извадени од кибуц Беери, јавуваат израелските медиуми, повикувајќи се на групата за пребарување и спасување ЗАКА.

Канал 12 јавува дека телата се префрлени во ладилници. Бројот на жртвите убиени во разурнатиот кибуц, дом на околу 1.000 жители, се верува дека е уште поголем, пишува „Тајмс оф Израел“.

Еден жител претходно изјавил дека заедницата била целосно уништена од нападот на Хамас.

Киднапирани се три генерации од исто семејство во Израел. 

Им ги бакнуваме рацете на оние кои го планирале нападот на Израел, изјави иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Тој негираше дека неговата земја е вмешана во смртоносните напади кои во саботата ги почна Хамас врз Израел.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Закон со кој ќе се дефинираат односите меѓу купувачите и добавувачите е во изработка, и како што се нагласува во потребата за неговото носење, целта е  да се спречи наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување при снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Перцепцијата на побарувачката за акции покажува дека „Комерцијална банка“ е нумеро уно и дека таму ќе има одличен резултат за трет квартал што треба да биде објавен наскоро. Очигледно е дека топ менаџментот на таа банка предводен од Хари Костов има навистина што да понуди на своите акционери

Во петокот официјално е впишано решението на Тетовскиот суд да му го одобри реорганизациониот план на фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце, која повеќе го нема терминот „во стечај“ во своето име.

Министерството за финансии издало државна обврзница со која се задолжило за близу 10 милиони евра, пари кои треба да ги врати после две години, односно на 5 октомври 2025 година.

Првиот човек на ТТК банка, директор и претседател на Управен одбор, Драгољуб Арсовски, е всушност купувачот на 3.003 акции од самата банка, преку блок трансакција која се случи минатата недела.

Македонските граѓани претходните години патуваа во Израел, за Нова година, Божиќ, Велиден. Повеќе туристички агенции нудеа посета на Израел, посета на Израел и Јордан, посета на Израел и Палестина. 

Слично

Поврзани вести