Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се повлекува од набавката на нов авион

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се повлекува од набавката на нов авион

ВЛАДАТА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД НАБАВКАТА НА НОВ АВИОН

Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и тоа прашање ќе го остават за некоја идна влада. 

Ова го посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски кој потенцираше дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели. 

Откажувањето од набавката на авион доаѓа по бурните критики од опозицијата, но и од јавноста за плановите да се купува нов авион, но и по бројните објави околу патувањето на државни функционери со владиниот авион. 

ДВЕ ЛИЦА ПОВРЗАНИ СО ЗАПЛЕНАТА НА МАРИХУАНА ВО СРБИЈА ДОБИЈА ПРИТВОР

По иницијатива на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е изречена мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. 

Тие претходно биле повикани на распит во својство на осомничени, а одлуката ја донел судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје.

Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.

ЛОША Е СОСТОЈБАТА СО АВТОБУСИТЕ ВО ЈСП

Анализа на Центарот за граѓански комуникации покажува сериозно влошување на состојбата во ЈСП Скопје, со намален број автобуси, зголемена просечна старост на возилата и значителен пад на бројот на патници.

Според податоците, од вкупно 341 автобус со кои располага претпријатието, дневно исправни се 185, а во сообраќај се пуштаат 157 возила. Во споредба со 2015 година, кога ЈСП имало 430 автобуси, денес има 89 помалку. Бројот на дневно исправни автобуси е намален од 316 на 185, што претставува пад од околу 40 проценти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако кумановска полиција минатата недела приведе 25 годишно момче од селото Малотино за убиство на 78 годишна жена од Челопек, на луѓето кои живеат сами во селата не им е сеедно и се загрижени за својата безбедност.

Во годишниот план за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија за 2026 на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, од пријавените седум почетни инвестиции за ветерни паркови, повеќето се од страна на домашни инвеститори.

Слично

Поврзани вести