ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се коригираше, Хекуран Асани сега е предлог за нов директор во М-НАВ
AСАНИ Е НОВ ПРЕДЛОГ ЗА ДИРЕКТОР НА М-НАВ
Владата на Република Северна Македонија, на владината седница му препорача на надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста Претседател на Управен Одбор и Извршен Директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста Член на Управен Одбор и Извршен Директор во СВТ.
Владата воедно му препорача на надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје на позицијата Претседател на Управен одбор и Извршен Директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за Член на Управен Одбор и Извршен Директор во СВТ да го именува Милан Кораќ.
Хекуран Асани е вработен во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање.
ТУФЕГЧИЌ БАРА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА
Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски побара куќен наместо затворски притвор за него.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, бара куќен притвор за неговиот клиент, кој е меѓу осомничените. За таткото, Обвинителството соопшти дека споделувал информации со извршителите на убиството за движењето на неговата ќерка.
ПЕНДАРОВСКИ ОЧЕКУВА ДЕКА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ СКОРО
Шефот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, говорејќи за случајот со осомничениот за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, изрази очекување дека неговата екстрадиција ќе се случи наскоро.
„Доцна попладнево добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект и практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда. Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања што со некакви припадници на ФЕТО, паметите…нема да има никакви условувања. Од тој аспект работата е исчистена, чиста, и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер. Значи, дека таа екстрадиција може да се случи многу скоро“, вели Пендаровски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
