ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата прогласи енергетска кризна состојба, а оставката на Заев ќе почека
ПРОГЛАСЕНА Е ЕНЕРГЕТСКА КРИЗНА СОСТОЈБА
Министреот за економија, Крешник Бектеши, објави дека Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на вонредна енергетска криза во земјата. Министерот рече дека тоа ќе значи подобрување на ликвидноста на енергетските компании со буџетски средства, но не и рестрикции на потрошувачката на електричната енергија.
„МЕПСО изготви извештај за проценката, а според него постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот. Тоа се темели на капацитетите на домашното производството и зголемените цени на странските берзи.
Единствена мерка е вбризгување на средства во енергетските компании за надминување на енергетската криза. За остварување на таа цел вклучени се раководствата на сите компании од енергетскиот сектор и сите владини институцииOСТАВКАТА НА ЗАЕВ ЌЕ ПОЧЕКА
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставката. Деновиве ќе има гласање доверба на Владата.
Сопартијци на Заев велат дека се соочуваме со предизвици и дека тој е потребен во партијата. Заев беше дочекан со аплаузи и овации од своите сопартијци.ДЕНЕСКА ИМА 677 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 3.317 тестирање, а регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
