Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар, а во меѓувреме имаше невреме во Скопје и Куманово

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар, а во меѓувреме имаше невреме во Скопје и Куманово

КРИЗНА СОСТОЈБА Е ПРОГЛАСЕНА ВО ГОСТИВАР

Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена.

Одлуката е донесена на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во состав: министерот за одбрана - Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија - Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски, министерот за здравство - Сашо Клековски, министерот за транспорт - Александар Николоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување - Стојанче Ангелов, како и надворешните членови: министерот за животна средина и просторно планирање - Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство - Борче Серафимовски, директорот на СОЗР - Ивица Томовски, директорката на Институтот за јавно здравје - Марија Андоновска, директорот на АХВ - Оливер Миланов, директорката на Инспекторатот за животна средина - Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје - Орце Ѓорѓиевски.

- Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување кризна состојба сè со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок - се наведува во соопштението на Владата.

ТРОЈЦАТА УАПСЕНИ ДОБИЈА ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА

По 30 дена затворски притвор добија тројца осомничени – Арта Асани директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши, одлучи судијата на претходна постапка Ќирко Михајлоски од гостиварскиот суд.

Тие ќе бидат упатени во затворот во Шутка. Михајлоски го прифати предлогот на Јавното обвинителство кое претходно денеска побара притвор за тројцата осомничени бидејќи се сомнева дека директорката и раководителите им дале наредби на вработени да постават потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење, за да го тестираат притисокот на водата во градскиот водовод, што придонело водата да се загади и во градот беше прогласена епидемија.

НЕВРЕМЕ ИМАШЕ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО

Силното невреме што попладнево го погоди Скопје предизвика сериозни штети на повеќе локации.

Силниот ветер откорна дел од покрив, кој за само неколку секунди падна директно врз возило. Имало 1.000 повици за интервеници до надлежните. Невреме имаше и во Куманово. Повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа сите расположливи служби за справување со последиците. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а животот во вакви услови предизвикува трауми. Во текот на животот, овие луѓе се соочуваат со анксиозност, социјална анксиозност, стануваат работохолици и се плашат да не се најдат во ситуација да немаат пари за егзистенција. Стравот од сиромаштија е причината поради која штедат.
Операторот на електропреносниот систем МЕПСО во текот на минатата година делел просечна месечна плата по вработен од 1.000 евра, што е потврдено и во самиот финансиски извештај што го објави за 2025 година.


Слично

Поврзани вести