Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ

Низ вековите наназад, граѓаните на оваа земја неуморно и макотрпно работеа. Во најтешките времиња секогаш беа со својата татковина, жртвувајќи се себеси, објави Христијан Мицкоски на фејсбук, откако стана премиер.

„Од генерација на генерација, работата и пожртвувањето беа светилници на нашиот народ.

Денес е време татковината да возврати.

САМКА ИБРАИМОСКИ Е ПРИЈАВЕН ДЕКА СЕ ЗАКАНУВАЛ НА УСТАВНИ СУДИИ

По веста дека претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски пријавил во полиција дека едно лице им се заканува по живот на уставните судии и соопштението потоа на МВР дека е утврдено дека станува збор за С.И. кој преку социјална мрежа упатувал закани, телевизија Сител открива дека станува збор за екс пратеникот Самка Ибраимоски.

Ибраимоски ги испраќал преку Фејсбук, но самиот тој негира дека станува збор за закани по живот, туку за критика во едно демократско општество поради политиката извршителите да наплаќаат и стари долгови од сиромашни лица, како што се Ромите кои тој, вели, ги застапува. Тој нагласи дека има право како предлагач на закон, кој е одбиен, да критикува. Ибраимоски е повикан да отиде во полиција.

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени. 

 -В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар. 

НОВИТЕ МИНИСТРИ НАЈАВИЈА ШТО ПЛАНИРААТ ДА РАБОТАТ

Можно е да се воведе градски воз во Скопје.

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз.

Арбен Таравари по втор пат стана министер за здравство и зградата на недовршениот клинички центар во Штип е во истата недоизградена состојба од тогаш.

Панче Тошковски, кој беше министер за внатрешни работи во техничката Влада од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од дивиденди и од тргување со акции „Раде Кончар Апаратна техника“ лани остварил приход од 570.000 евра што е повеќе од 70% од целиот приход на друштвото лани.

Слично

Поврзани вести