Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата нуди покачување од 10 отсто, просветните работници продолжуваат со штрајкот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата нуди покачување од 10 отсто, просветните работници продолжуваат со штрајкот

СОНК ПРОДОЛЖУВА СО ШТРАЈКОТ

И покрај повикот од Владата, просветните работници нема да го прекинат штрајкот. 

Штрајкот продолжува, соопшти Јаким Неделков од СОНК. 

„СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели Неделков. 

Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10 отсто, затоа што учениците треба да се вратат во училиштата.  

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ МАКРАДУЛИ

Откако денеска Владата го разреши Јани Макрадули од директорската позиција во Пошти, тој даде краток коментар за ТВ21. 

„Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Јани во коментар за ТВ21.

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТАМАРА

Обвинителството одлучи да не ги гони екс директорите на Фондот за здравствено осигурување за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес.

Денеска го повлече обвинението против тројцата обвинети, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази како директори на Фондот во тоа време и Елена Трпковска како претседател на управниот одбор кои ги товареше за злоупотреба на службената положба, објави Телма.

ПОЧНА БИТКАТА ЗА ДОНБАС

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека почна битката за Донбас која долго се спремаше. 

Тој изјави дека нема да се предадат, и ќе се борат до крај.  Во Донбас зоната на воени судири се протега цели 480 км. Американското разузнавање објави дека руските сили значајно ги засилиле своите сили во источна Украина, минатите денови, по повлекувањето од поширокиот регион околу главниот украински град Киев. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повеќето македонски граѓани велат дека во домашниот буџет не остануваат пари кои би ги потрошиле за својата културна наобразба.

Ако побарувачката за медицински услуги кои ги нудат најголемите приватни болници пораснала за 60% (лани во однос на 2020 година) и достигнала 110 милиони евра тогаш мора да се признае дека „итно и неодложно“ мора да се прави приватизација или концесионирање на делови од јавното здравство 

Од вчера почна да се организира испораката на масло за јадење од Србија, а како што најавија претходно властите се очекува Македонија со извозот од северниот сосед да добие два милиони литри зејтин.

Слично

Поврзани вести