Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот

МИЦКОСКИ НЕ ЈАДЕ БАНАНИ, АМА ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ ОД ВОЗДУХ

Во однос на набавката на храна, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Влада не можат да живеат од воздух, дека постат, но и дека банани не јаде. 

„Банани не јадам, ама не може од воздух да живееме“, изјави денеска премиерот, откако во јавноста излезе информацијата дека Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) набавила 600 килограми банани, како и папаја и манго. 

ЗА ПРИВАТНИОТ АВИОН ПЛАТИЛЕ 2.6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека закупот на авионот за лет од Истанбул до Скопје и Будимпешта а потоа повторно назад до Скопје бил платен 2,4 милиони денари. 

- Фактурата за 60 билети е 2,6 милиони денари, не е 12 милиони денари. Околу 700 евра по билет за сите луѓе кои беа од делегацијата и која е за 30 проценти помалку кога би оделе по линијата Скопје Виена Будимпешта или Скопје Истанбул Будимпешта Скопје. Од двете дестинации бевме одбиени за групна карта која беше за 30 отсто поскапа. Ќе биде изложена пред јавноста, рече Мицкоски.

Премиерот за набавките на луксузни прехранбени продукти од Службата за општи и заеднички работи даде циничен одговор дека владините функционери во наредниот период ќе јадат помалку за време на постите.

ТАРАВАРИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ СЕ РАЗГЛЕДУВА

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри. 

Подготвен е и да го поништи тендерот, како што вели, доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти. Информира дека понудената цена за паркирање е 50 денари за час, што според него, е пристојна. 

МАКЕДОНЕЦ Е УБИЕН ВО ИЛИНОИС

Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава Илиноис. Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд.

„Кратко по 16 часот во средата, полицијата и пожарникарите на Крествуд одговорија на повикот за силен чад во компанијата „ATG Truckload“. Починатиот сопственик на компанијата е идентификуван како 48-годишниот Дане Котески, кој на веб-страницата на транспортната компанија е наведен како претседател и извршен директор“, пренесоа некои американски медиуми.

ВАНДАЛИЗИРАНА ЦРКВАТА ВО МАТЕЈЧЕ

Вандализиран е манастирот Пресвета Богородица во сeлото Матејче.

Од Кумановско-осоговска Епархија велат дека месецов е извршено провалување, копање на подот во манастирската црква и украден е оловниот лим од централната купола на манастирската црква Пресвета Богородица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Слаѓан Михајловски да биде именуван за нов независен член на Надзорниот одбор на ТТК банка. Овој предлог го дава најголемиот акционер на ТТК банка, а тоа е тетовскиот комбинат „Тетекс“ до Собранието на акционери на банката, кое ќе се одржи на 2 април оваа година. 

Цените во последниве денови можеби и не се во најдобра кондиција, ама инвестиоторите и натаму се заинтересирани за акциите на најмоќните и најпрестижните македонски компании и банки.

По бројните одлагања, целосната либерализација на поштенскиот пазар во Македонија повторно е одложена, овој пат се до влез на нашата земја во Европската унија.

Независниот ревизор во извештајот објавен на „Македонска берза“ изразува зачуденост како акционерското друштво „Водостопанство“ дозволило да му застари долг од 2,5 милиони евра што требало да си го наплати.

Македонската гордост во областа на челичните конструкции „Факом’ ги живее своите најтешки и најнеизвесни денови во последната деценија. Последните официјални податоци достапни на Македонската берза покажуваат дека „Факом“ е лице в лице со предизвикот „да се биде или не“

Дел од младите на интервју за работа добиле и прашања каде работат нивните родители и што се по професија. На повеќето кои се соочиле со вакво прашање, им пречи чепкањето во приватноста и тоа за нив било сигнал дека не сакаат да работат во конкретната фирма каде се појавиле на интервју.

Слично

Поврзани вести