Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА

Советот на Град Скопје предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија за стабилизирање на состојбите во градот, и за решавање на хаосот со јавниот превоз.

Советот на Град Скопје попладнево ја поздрави одлуката на Владата да обезбеди гориво за ЈСП за следните седум дена и ја поддржа соработката за продолжување на оваа мерка. Советниците предложија поддршката да продолжи и во иднина.

ЗА МАЛКУ Е ИЗБЕГНАТА ТЕПАЧКА ВО СОБРАНИЕТО

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази згрозеност од денешното безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев. 

„Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев. Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.

УЧЕНИК ДАВЕЛ СОУЧЕНИК ВО ВЕЛЕС И ГО ПОВРЕДИЛ

Ученик на возраст од 12 години од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на мозокот, откако друг основец го давел и му ја удирал главата.

Полицијата соопшти дека повреденото дете е однесено со итна медицинска помош во велешката болница.

„Во Полициска станица Велес, вчера, 20 ноември било пријавено дека во Општинско основно училиште во Велес малолетник физички нападнал друг малолетник, кој е негов соученик. Со Итна медицинска помош Велес нападнатиот малолетник бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот“, изјави Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Апел до сите што одат на работа со сопствено возило да застанат на најблиската автобуска станица и да прашаат студенти, пензионери дали има некој да превезат до попатната дестинација, е само еден од апелите што скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи како резултат на немањето градски автобуси.

Јанко Пенафорт, професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија на своите настапи во различни делови од светот ги пее македонските народни песни. Ова момче воедно има потекло од Украина, односно неговата мајка е од Киев и вели дека се заљубил во македонската народна музика затоа што е полна со емоции.

Веќе е речиси изгледно дека Таневски по повеќе од 30 години директорување заминува од „Македонијатурист“. 

Охридската компанија „Костал“, како што најави уште пред повеќе од две и пол години, започнува со посебно производство на таканаречените „онборд чарџери“, односно полначи како вградени автомобилски делови за напојување на батериите на електричните и хибридните возила на групацијата Фолксваген.

Слично

Поврзани вести