Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5 отсто

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5 отсто

НАСТАВНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Наставниците ќе добијат повисоки плати. 

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од месецов, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

Од октомвриската плата, вработените во основното и средно образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти.

Oд СДСМ велат дека наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите.

Од партијата додаваат дека ова е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои. 

ВНИМАВАЈТЕ НА ИНТЕРНЕТ ИЗМАМИ

Полицијата алармира за нова голема измама, односно лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“. 

Како што додаваат од полицијата, тие нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кои своите пари ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични.

Предупредаат дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист. 

АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, го прими бугарскиот амбасадор, Жељазко Радуков и му се пожали во однос на евроинтеграциите. 

Ахмети му честитал на амбасадорот за враќањето во Северна Македонија и го уверил дека блиската соработка во поглед на европската иднина и добрососедството ќе продолжи уште повеќе.

Ахмети и Радуков разговараа за преговарачката рамка на Европската Унија и интеграцијата на земјата во ЕУ, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија. 

Тој ја искоментира денешната средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, по која партијата од Мала Речица излезе со соопштение дека „бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“.

УРАГАНОТ МИЛТОН НАПРАВИ ШТЕТИ НА ФЛОРИДА

Страшни последици има од ураганот Милтон кој ја погоди Флорида, а загинаа 17 луѓе. 

Има урнатини, многу луѓе се без струја. Повеќе од 2 милиони домаќинства на Флорида сè уште се без струја. Околу 30 отсто од бензинските пумпи во државата се без гориво. Откако полицијата пронајде постар човек, бројката на загинати се искачила на 17. 

Слично

Поврзани вести