Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го разреши Спасовски, а дете од 7 години пријавило лажна дојава за бомба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го разреши Спасовски, а дете од 7 години пријавило лажна дојава за бомба

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ МАРЈАН СПАСОВСКИ

Владата по денешната редовна седница објави дека Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече дека не е задоволен од неговата работа. Сето ова се случува по бегството на затвореникот од Идризово. Директорот на санкции и покрај тоа што знаел за коруптивноста на командирот Срѓан Димитријески, сепак и натаму го оставил на таа позиција а бегството на затвореникот се случило токму во негова смена. 

ДЕТЕ ПРИЈАВИЛО ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА

Дете на возраст од 7 години од Прилепско лажно пријавило бомба во училиште.

Од СВР Битола велат дека вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставена бомба. Се работи за лажна пријава. Извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие раскажале што се случило. 

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при прилепската полиција денеска е поднесен извештај до Основното јавно обвинителство – Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

АРЕСТОВИЧ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Олексеј Арестович, поднесе оставка по изјавата дека украинските воздухопловни сили собориле руски проектил онаму каде што не треба и дека тој дури потоа ја погодил зградата во градот Дњепар, во која загинаа 41 цивил. 

На 14 јануари Арестович изјави дека украинските сили за воздушна одбрана собориле руска ракета истрелана врз градот Дњепар и дека таа паднала врз повеќекатница, пренесува Интерфакс Украина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Историјата се повторува. Како што лани украинските бегалци бараа работа во земјите каде избегаа, сега и руските граѓани кои се во Србија, ги нудат своите вештини со цел да заработат. Оние кои имаат свои фирми, си ги рекламираат бизнисите по социјалните мрежи, за да привлечат клиенти, а некои нудат и рачни изработки на продажба. 

Ако се направи листа на најлоши државни фирми многу е веројатно дека на пиедесталот ќе биде Македонски железници – Транспорт. Иако и го променија името во Железници на РСМ Транспорт овој државен загубар продолжи со истото темпо. 

Поранешниот генерален директор на АД ЕСМ, Драган Миновски, на почетокот од годинава ја регистрираше консултантската фирма Дамс Енерџи Скопје за време на енергетската криза и големиот бран на инвестиции во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Нова 15 годишна обврзница издаде Министерството за финансии. Станува збор за помала сума од околу два милиони евра, а нејзината камата ќе биде иста како и обнаа на претходната емисија, односно 5,4 отсто. 

Продолжува трендот на поскапување на трошоците во земјоделството. Минералните ѓубрива во декември минатата година биле поскапи за дури 52,4 отсто во споредба со истиот месец претходната година. Но, она што го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика вели дека има раст во скоро сите сектори, кај сите импути кои влијаат врз земјоделското производство.

Ќе дојде ли крај на „раскалашаното“ пушење, кое во послдениве години „цутеше“  во речиси сите угостителски објекти во земјава, со разно разни изговори, од тоа дека објектот е тераса, или некаков вид на заградена бавча, што во никој случај не беше тоа, а и со правење на своевидни проветрувања одвреме навреме.

Слично

Поврзани вести