ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го прифати предлог Законот за јавно обвинителство, ќе има измени во постапката за избор на јавен обвинител
ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство.
Владата на денешната редовна 140-та седница го усвоила предлог Законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.
„Донесувањето на овој закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики. Со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет. Дополнително, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се воведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одговорност на самите јавни обвинители“, велат од Владата.
ВЛАДАТА ГО ИМЕНУВАШЕ БЕКИМ САЛИ ЗА ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕРБеким Сали денеска на владина седница и официјално е именуван за прв заменик-претседател на Владата.
„Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани. Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови“, објави Сали.ПОДНЕСЕНА Е КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА
СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, како поранешен градоначалник на Чашка,како и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според дневниот билтен на МВР, поранешниот градоначалник терал ја терал осомничената како вработена во општината да работи со целосно работно време, наместо со скратено, поради што добила поголема плата со вкупен збир од 50.109 денари,што полицијата го толкува како нанесување на штета на буџетот на општината.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Wikipedia/kallerna
