Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го повлече Законот за рестриктивните мерки за корумпирани политичари што се на црните листи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го повлече Законот за рестриктивните мерки за корумпирани политичари што се на црните листи

ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

Владата го повлеклa Законот за рестриктивни мерки, со кој требаше да се санкционираат лицата кои ќе се најдат на американската и британската црна листа, објави ТВ Сител.

Наводно овој закон не му се допаѓал на новиот технички премиер Талат Џафери, кој имал искажан негативен став упте додека беше претседател на Собранието.

Законот беше пишуван по иницијатива на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но наиде на негативно мислење од Министерство за правда.

СТЕВАНОВИЌ ИМАЛА СЕРТИФИКАТ

Министерот за здравство Фатмир Меџити конечно ја обелодени причината за смена на директорката на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, д-р Милена Стевановиќ. Изјави дека документацијата не и била комплетна, односно дека и истекол сертификатот за познавање на англиски јазик

„Не е разрешена директорката, ниту пак и беше истечен мандатот, мислам дека е до април. Дректорката сама си објавила конкурс за мандат и ние во министерството ја прегледувавме документацијата и утврдивме дека има истечен сертификат за јазици. Имаше двајца кандидати и ние го одбравме тој што беше со комплетна документација“, изјави Меџити.

ЃОРЃЕ ДАВИД ЕДНАШ МЕСЕЧНО ЌЕ СЕ ЈАВУВА ВО СУДОТ ВО КУМАНОВО

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид еднаш месечно ќе се јавува во судот во Куманово. 

Српскиот државјанин кој учествуваше во сообраќајната несреќа во близина на граничниот премин Табановце ќе се јавува еднаш во месецот во Основен суд Куманово, соопштија за МИА од судот. Нему му се вратени пасошот и личната карта.

Тој треба да се јавува секој 15-ти во месецот. Доколку 15 е неработен треба да се јави наредниот работен ден.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Последниве денови загриженоста во регионот е сè поголема поради зголемениот број на случаи со заразното заболување пертусис или голема кашлица, додека пак Европа алармира на голем број смртни случаи поради инфекции со хуман папилома вирусот и вирусот на хепатитис. Заедничко на ваквата состојба е нискиот опфат на вакцинација. 

На територија на Македонија има многу стари дрвја. Изминативе години се мапирани стари, вековни дрвја, на Малешевските планини за што е подготвена и брошура. Се работи најчесто за црн бор и буки кои се стари од 200 па до 500 години, а дел од стеблата се високи по 30 или 40 метри.

Неизвесноста во Црвеното море што ја предизвикаа непредвидливите, агресивни и воинствени Хути, кои не успева да ги стави во ред ниту американската воена морнарица која важи за страв и трепет во светот, си го направи своето. 

Дел од познатите македонски производи кои веќе имаат изграден имиџ или бренд, особено во нашата земја, се присутни и на пазарот во Германија.

Берзанскиот ден вчера го означиле, меѓу другото, блок трансакции со акциите на „Макпетрол“. 

Македонски навигации оваа година за плати ќе подели 16,5 милиони евра, покажува тукушто објавениот финансиски план на контролното тело за авиолетови. Таму се вели дека трошокот за бруто платите ќе се зголеми за дури 18,2 отсто за само една година.

Народна банка можеби реши засега да игра внимателно и да ја задржи основната камата на досегашното ниво од 6,3 проценти, односно да се воздржи од избрзано намалување, но затоа деловните банки како да попуштаат, иако нивните каматни стапки се далеку од посакуваното ниво, барем за граѓаните и компаниите кои ги користат нивните кредити.

Слично

Поврзани вести