Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги повика граѓаните да штедат, а инциденот во Куманово не бил меѓуетнички

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги повика граѓаните да штедат, а инциденот во Куманово не бил меѓуетнички

ГРАЃАНИТЕ ДА ШТЕДАТ

Владата претстави информативно-едукативни активности за штедење на енергенси. 

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски заедно со соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираа за последните информации во енергетиката, но и промовираа информативно-едукативни активности коишто имаат за цел штедење на енергенси. 

При промовирањето на информативно-едукативни активности под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, портпаролот Душко Арсовски, наведе примери за заштеда на електрична енергија. 

БРКОТНИЦАТА ВО КУМАНОВО НЕ Е СО МЕЃУЕТНИЧКИ КАРАКТЕР

Бркотницата во Куманово нема меѓуетнички карактер, потврдија од полицијата. 

„Нема меѓуетнички белег инцидентот во Куманово во кој поголема група млади лица нападнаа две момчиња“, изјавил помошник началникот на СВР Куманово Севдали Џафери. 

Кажа дека се приведени девет лица и дека случајот е расчистен. Џафери ги повика партиите да не шират паника и дезинформации, а медиумите на внимателност. 

НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Заканувачот кој испратил мејлови за дојави за бомби во скопските училишта кои се испостави дека се лажни, а во пораката наводно барал 15.000 евра. Но, не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја направи исплатата. Закана добиле средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“. Учениците беа евакуирани, а полицијата утврди дека сите дојави се лажни

УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА

Уште една мистериозна смрт на воено лице се случи во Русија. Рускиот воен началник Вадим Бојко, кој одигра клучна улога во војната во Украина е пронајден мртов во неговата канцеларија. Се сметаше дека извршил самоубиство, но доказите укажуваат дека не е така. 44 годишниот началник кој бил задолжен за мобилизација, наводно имал неколку прострелни рани во пределот на градниот кош.

Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, имаше повеќе смртни случаи на видни личности и тоа под сомнителни околности. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Делумен договор е постигнат, но се уште нема крајно решение за достоинствен живот на студентите во Македонија, велат соговорниците на Фактор во однос на последните студентски протести и изразувањето незадоволство поради, како што велат субстандардните услови во кои живеат, а од кои треба да произлезат следните генерации академски граѓани.

Бројот на туристи кои ја посетуваат нашата земаја полека се враќа. Туристичкиот сектор во земајва го доживеа најголемиот удар од пандемијата, како и целиот свет, но повратот на туристите не се одвива со посакуваното темпо.

Повеќето жители на дојранското село Николиќ засадиле мандарини во своите дворови и тие успеваат, а само силниот мраз е нивен непријател.

Се подготвува законски терен за големи држави пари да одат кај телевизиите и радијата во земјава, и тоа речиси половината од нив ќе завршат кај пет приватни телевизии. 

Благодарение на помалите издвојувања за резервации на кредитни пласмани малата банка успеа да книжи добивка од половина милион евра што е одличен резултат во острата конкуренција особено на пазарниот сегмент за кој си конкурираат малите и средните банки

ЕСМ ќе се повика на одлуката за кризна состојба во енергетика за да издејствува за побрзо време добивање на еколошка дозвола од Министерството за животна средина за работење на скопските топлани на дизел како алтернативно гориво, дознава „Фактор“

Слично

Поврзани вести