Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена

ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА

Владата денеска донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена. Оваа одлука се носи поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.

„Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии“, велат од Владата.

Минатата недела, АД ЕСМ преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја поради блокадите на грчките земјоделци на Коридорот 10, што ја отежнува доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија.

СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. 

-Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.

ИЗРЕЧЕНИ СЕ КАЗНИ ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ ВО СКОПЈЕ

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека се изречени казни на загадувачите во Скопје. 

„Борбата за почист воздух е заедничка и затоа апелирам до сите граѓани на Скопје да се придржуваат и да ги почитуваат препораките и мерките. Секој поединечен придонес е важен. Но, за она што е во надлежност на Градот Скопје, порачувам јасно и недвосмислено дека нема да има никаква толеранција. Ред мора да има. Законот ќе се спроведува. А здравјето на скопјани ќе биде наш апсолутен приоритет.  Ги повикувам скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk“, пишува тој. 

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВЕЛИ ДЕКА ЕУ КАКО ШТО НАШЛА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА, ТАКА ТРЕБА ДА НАПРАВИ И СО МАКЕДОНИЈА

Единство за македонските евроинтеграции и правда по трагедијата во Кочани, побара претседателката на државата, Гордана Сиљановска–Давкова во своето годишно обраќање пред пратениците во Собранието. 

Таа порача дека се неопходни национален консензус за евроинтеграциите и јасни, цврсти гаранции од Европската Унија и од Бугарија, за да се надмине долгогодишната блокада на македонскиот европски пат. Според шефицата на државата, проблемот со ЕУ не е административен, туку суштински политички. Претседателката предупреди дека по промената на името на државата, секоја нова уставна измена што се бара од Македонија изгледа „бенигна“ за ЕУ, но носи сериозни последици за државата.

ФИЛИПЧЕ МУ ОДГОВОРИ НА АХМЕТИ

Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ако лидерот на ДУИ, Али Ахмети мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине.

Претходно, Ахмети се пофали дека ја растурил Југославија.

„Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа консталација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин“, вели Филипче. 

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ исто така реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека тој ја уништил Југославија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Министерство за транспорт бара кандидати за пополнување десетина работни позиции. На веб страната на Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат заинтересирани лица кои би работеле во оваа институција.

Државата во изминатиот период не изгради, ниту пак започна со изградба на своја гасна централа, но затоа во јануари следната година најверојатно ќе го купи целокупното производство на електрична енергија од скопската ТЕ-ТО.

Од Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) пред неколку дена ги советуваа граѓаните пред да излезат надвор да го проверат квалитетот на воздухот, и доколку немаат потреба да не одат надвор, но сепак ова е тешко изводливо за многумина.

Градежниот институт „Градежен институт Македонија“ (ГИМ) го продаде својот удел од 74,89% во локалната градежна компанија „Фабрика Карпош“ на операторот на бензински пумпи „Сервис Петрол“, соопшти компанијата преку Македонска берза.

Али Ахмети повторно најде начин како да ги преплави македонските медиуми и барем накратко да го сврте вниманието кон интегративците со неговиот нов голем политички влог – избор на Влада со Бадентерово покрај апсолутно мнозинство во Собранието, но и други проширувања на Рамковниот договор.

foto Wikipedia/kallerna

Слично

Поврзани вести