Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител, а Коцевски тврди дека работел по закон

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител, а Коцевски тврди дека работел по закон

ВЛАДАТА БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја oбјави портпаролката на Владата Марија Митева. Таа рече дека Владата е разочарана од Коцевски. 

Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

КОЦЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА РАБОТЕЛ ПО ЗАКОН

Откако Владата денеска го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски тој регираше преку писмена изјава во која тврди дека секогаш работел во согласност со закон.

„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски“, вели Коцевски кој смета дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации.

Во писмената изјава тој објаснува дека распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, бил со важност до 31.12.2024 година.Во писмената изјава тој објаснува дека распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, бил со важност до 31.12.2024 година.

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ОГРАНИЧИ МАРЖИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи. 

Владата на денешната седница донесе ваква одлука. Ќе се ограничат 73 групи производи но истата ќе се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Загадувањето на воздухот штетно влијае не само на физичкото, туку и на психичкото здравје на луѓето. Но, граѓаните не се свесни дека аерозагадувањето се одразува и на психата, туку ги набројуваат симптомите како кашлање, печење на очи, главоболка и слично. Дека загадениот воздух му штети и на психичкото здравје, ретко се зборува кај нас.

Приходите на членовите на комисијата при Агенцијата за пошти во Македонија ќе се намалат со законски измени кои веќе се доставени во Собранието. 

Сопругата и двете ќерки на покојниот бизнисмен Бојо Андрески, како и нововлезениот  претприемач Горјан Максимовски, преку фирмата Евро Принт се сопственици на земјиштето од 5.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје, на кое е предвидено да се гради огромна зграда од 100 метри височина, односно приземје и 25 ката.

Крајот на јануари ни носи нови бројки за тоа колку вредат македонските компании. Најтргуваните акции и оние кои доживуваат постојан раст, всушност се однесуваат на најмоќните акционерски друштва во земјава, а сега достигнуваат нови и нови височини.

Слично

Поврзани вести