ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, политичарите им посакаа просперитет и благосостојба
ПОЛИТИЧАРИТЕ ГО ЧЕСТИТАА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК
Политичарите го честитаат големиот празник Велигден на верниците.
Премиерот Димитар Ковачевски, упати писмо со честитки за најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ- ОА и до сите верници кои денеска го чествуваат празникот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија како подготвува скара.
ТЕТОВСКИОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ ДОБИ ПРИТВОР
Приведениот анестезиолог од Тетовската болница доби притвор во траење од осум дена. Тој ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ за издржување на притворот, информираше СВР Тетово.
В.Д. 43-годишнен лекар – анестезиолог од тетовското село Одри на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик. 49-годишниот директор на болницата го пријавил случајот во полиција.СЛАБИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ
Земјотрес денеска имаше и во Црна Гора.
Земјотресот бил со јачина од 2.9 степени. Епицентарот бил на 22 километри североисточно од Жабљак, јавува EMSC. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.
