Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го одбележаа Водици, млади момчиња се фрлаа по светиот крст ширум државата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го одбележаа Водици, млади момчиња се фрлаа по светиот крст ширум државата

ВЕРНИЦИТЕ СЕ ФРЛАА ПО СВЕТИОТ КРСТ

Светиот крст денеска во Вардар го фати 17 годишното момче Ѓорѓи Николовски. 

Откако беа осветени водите на реката Вардар и свештените лица го положија светиот крст, најбрз и најсреќен беше 17 годишник од Скопје.

Никола Јакимоски го фати светиот крст во Охрид.  Toj посака здравје и среќа за сите, а заедно со другите кои се фрлија во водите на Охридското Езеро испеаја пригодна црковна војорданска песна.

Спасувачките екипи за празникот Богојавление-Водици имаа доста работа во Скопје. 

Надојдениот Вардар го отежна пливањето на учесниците, а по завршувањето на манифестацијата, повеќе екипи ги извлекуваа луѓето со чамци и јажиња од реката. Во главниот град имаше над 150 учесници.

И МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТРАНСТВО ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРАЗНИКОТ

Македонците во Данска го одбележуваат големиот празник Водици и по тој повод фрлаа крст во Белвустранд, Копенхаген, а најсреќен беше Марко Петровски, кој го фати светиот крст. 

Осум верници се фрлаа по крстот, церемонијата беше на море, и на минус 3 степени, а  Марко Петровски е среќниот. Тој и лани го фати крстот. 

Во Малме во Шведска, во дворот на Македонската Православна црква Св. Наум Охридски, се одржа полагање на светиот крст во осветените води.

Оваа година крстот го фати 14 годишниот Филип Котевски. Тој за прв пат скокаше по крстот.  Со литургијата чиноначалствуваше отец Блажо Кожарски.

КОВАЧЕВСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА СРЕДБАТА СО ЗАЕВ И АХМЕТИ

Со екс претседателот на СДСМ се знаеме 32 години, ова не ниту прва, ниту последна средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски за средбата со Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Ковачевски кажа дека на вчерашната средба со Ахмети и Заев разговарале за тоа како треба да напредува државата кон полноправно членство во ЕУ и како да изгледаат настапите на партиите на следните избори.

Слично

Поврзани вести