ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател
ГАШИ Е НОВИОТ СОБРАНИСКИ СПИКЕР
Африм Гаши од Алтернатива денеска е избран за претседател на Собранието.
За гласаа 76 пратеници, против беа 6, а воздржани немаше. Гаши даде и свечена заклетва пред пратениците. Пратениците на Левица го критикуваа предлогот Гаши да биде собраниски спикер.
„Денес кога ја прифаќам одговорност да го водам ова Собрание морам да изразам длабока благодарност до гласачите кои ни дадоа мандат да бидеме нивни претставници“, рече Гаши.
Кажа дека како претседател на Собранието ќе влијание ниту еден пратеник да не се чувствува дискриминиран.СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ВЕНЕЦОТ ВО РИМ
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска за прв пат даде објаснување зошто венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија, не го пишувало името на земјата.
На венецот немаше име на држава, туку пишуваше само „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, а претседателката за ова денеска рече дека тоа било најдобро решение во моментот.
„Зошто не беше напишано?Како прво, тие лентите не се големи, разговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, но на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам - логични сме.МИЦКОСКИ КОНТРА ЛЕВИЦА
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник се обрати на собраниската говорница и рече дека „им се извинува на сите за непријатностите што ги предизвикале народните избраници на Левица“.
Претходно сите шест пратеници на Левица зедоа збор и беа најжестоки против изборот на Африм гаши за претседател на Собранието, со аргументи дека тоа претставува „етнотрибализација и косоваризација на Македонија“,
- Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
