ФАКТОР НА ДЕНОТ: Велешанката Пале е ослободена од обвинение, се обидела да го спаси насилниот партнер откако го пробола
ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЕ ИЛОСКА
Велешанката Пале Иловска доби ослободителна пресуда од Судот во Велес.
Таа убиството врз својот невенчан сопруг го сторила во нужна одбрана, кажа судијката во образложенињето на ослободителната судска пресуда.
Нејзиниот невенчан сопруг, односно убиениот, бил во надмоќна позиција над неа, така што нејзиното дејствие било сразмерно и пропорционално.
Од вештото лице било утврдено дека од неговиот првичен напад врз Пале, до нејзината реакција, немало прекин и тоа траело во континуитет, што го уверува судот дека во случајот со Пале со работело за нужна одбрана.ЕВРЕЈСКАТА СЕКТА ЗАМИНА ВО СКОПЈЕ
Во Скопје неколку хотели ги одбиле за престој членовите на еврејската група и до 3 часот по полноќ чекале во автобус, јави Телма.
Со полициско обезбедување членовите на еврејската религиозна група Лев Тахор, кои од четвртокот престојуваа во Куманово поради притисок на дел од јавноста доцна во ноќта со автобус се префрлени во хотел во главниот град. Куќата каде беа сместени, граѓаните ја гаѓале со јајца. Оваа еврејска група претходно престојувала во БиХ. Тие ги отфрлаат информациите дека учествувале во злоставување на деца.ДЕНЕС ИМА НАД 1.200 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 4.047 тестови, а регистрирани се 1.269 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга – по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Пробиштип и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.ОТФРЛЕНА Е ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Пратеникот на ВМНРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, објави дека денеска не е усвоена Декларацијата поднесена од опозицијата за одбележување на настани по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
„На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена“, информираше Милошоски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
