Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вархеји порача да го решиме проблемот со Бугарија, Заев одговори дека нема да преговараме за тоа кои сме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вархеји порача да го решиме проблемот со Бугарија, Заев одговори дека нема да преговараме за тоа кои сме

ПРВО МАКЕДОНИЈА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА, ПА ПОТОА ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ

Република Северна Македонија беше првата земја од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година. Само 4 години подоцна станавме и земја кандидат на членство во ЕУ, а веќе во 2009 ја добивме и првата позитивна препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. И, еве не 16 години подоцна се уште сме во чекалната на ЕУ, рече премиерот Зоран Заев денеска на утринскиот панел на Тиранскиот економски форум 3 на темата „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долго очекуваните ветувања“, кој заради пандемијата со КОВИД-19 се одржа онлајн.

На панелот зедоа учество и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Изминативе година и половина поминавме нов процес кој ја редефинираше методологијата за преговарање но и се исправивме пред нови непринципиелни прашања и бирократски ставови кои не може и не смее да бидат камен за сопнување на просперитетот на Северна Македонија. Мојата земја била, е, и ќе биде крстосница на многу цивилизации, на многу етиникуми и на многу културолошки вмрежувања кои го оставаат најдоброто од себе за идните генерации кои го градат својот живот тука, дома.

ДЕНЕСКА ИМА 868 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци – по 2, Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица.

Починати се 5 пациенти од Скопје (86г, 81г, 72г, 71г, 64г), по 2 пациенти од Тетово (72г, 59г) и Охрид (78г, 57г), и по 1 пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74).

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЧЕКА НАОДИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со внимание ги следи информациите објавени по медиумите за набавката на кинеските вакцини.

На прашање на Фактор што ќе преземе Обвинителството во врска со оваа набавка, за која вчера министерот Венко Филипче тврдеше децидно дека нема никакво прекршување на законските прописи, ниту, пак, било каква провизија, од Обвинителството велат дека ако надлежните институции утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе ги гони сторителите.

„Очекуваме надлежните институции до обвинителството да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела. Обвинителството согласно своите надлежности ќе ги даде неопходните насоки, упатства и наредби на институциите во чија надлежност е откривањето на овој вид на криминал. Доколку овие институции утврдат елементи на кривично дело,​обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги гони сторителите. 

ПАЛЕВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗА НЕГО ИМА ОБВИНЕНИЕ

Љупчо Палевски-Палчо, во видео кое го објави на својот фејсбук профил, практично признава дека тој е лицето кое е обвинето од Основното јавно обвинителство Скопје, за продолжено кривично дело - Оддавање службена тајна, согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Тој во видеото од Обвинителството ги нарекува воајери кои цело време ги следеле активистите на Бојкотирам, и искажува еден куп погрдни зборови и за обвинителите, и за премиерот. Тврди дека нема да го замолчат, како и дека денеска Обвинителството си го признало своето дело, а тоа, како што рече, е прислушувањето.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните  со денови ги носат маските за еднократна употреба, и признаваат дека секој ден не можат да си дозволат да купуваат нови маски. 

Од каде дојдоа високите банкарски профити во минатата година, според многу параметри страшна на економски план, година на карантини и рестрикции, и во која многу компании, бизниси и граѓани едвај крпеа крај со крај и преживуваа, и тоа само благодарение на државната помош.

Агенцијата за вработување вчера ги објави огласите од Оперативниот план за 2021, а меѓу нив најатрактивен за работодавачите е оној за субвенционирање на плати, за кој има убедливо најголем инетерес, а сето тоа дополнително во етнички контекст откако министри од ДУИ го промовираа како можност за поголема застапеност во приватниот сектор.

Хари Костов, Главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инженеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лица-акционери на Банката денеска до Уставниот суд поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26 февруари 2021 година.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со внимание ги следи информациите објавени по медиумите за набавката на кинеските вакцини.

Слично

Поврзани вести