Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Вајмарската тројка“ уверува дека по уставните измени, Бугарија нема да има нови барања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Вајмарската тројка“ уверува дека по уставните измени, Бугарија нема да има нови барања

СПОРЕД „ВАЈМАРСКАТА ТРОЈКА“ ПО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА НОВИ БАРАЊА ОД БУГАРИЈА

Претставниците од „Вајмарската тројка“ тврдат дека по уставните измени, Бугарија нема да наметнува нови барања за Македонија на патот кон Европската Унија (ЕУ). Велат дека Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување. 

„Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот“, изјави денеска државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Според неа, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Македонија има можност за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ. Таа се наврати на деведесетите години и случајот со Полска.

ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ДУИ СТАНУВААТ ОПОЗИЦИОНЕРИ

Владејачкото мнозинство на Ковачевски и Ахмети губи тројца пратеници и од 64-ца народни избраници ќе се сведе на минимални 61, објави ТВ Сител.
Поранешниот потпретседател на ДУИ и актуелен пратеник Изет Меџити, за Сител потврдува дека до собранискиот спикер Џафери заедно со пратениците: Реџепи и Коџаџику, ќе испрати писмо со кое ќе го извести дека повеќе не се дел од пратеничката група на Интегративците и дека тие тројца ќе дејствуваат опозициски.

Меџити од денеска попладне од скопски Чаир почнува и состаноци со своите приврзаници од т.е. огнена група за формирање на нова политичка партија – движење, кое како што вели треба да ја обедини албанската опозиција.

СО МЕСЕЦИ ГИ ПАЛАТ ВОЗИЛАТА НА ВРАБОТЕНИ ВО ИДРИЗОВО

Уште едно запалено возило на командир во Идризово. Вчера наутро во три часот сабајле, во селото Кадино, било запалено второ возило на командирот на смена Бобан Лазовски.

Нему, на 16 јуни 2022 година му беше запалено возило веќе едно возило, ова е второ.

Инаку, Фактор дојде до списокот кој меѓусебе го прават вработените на Идризово, за сите запалени возила на вработените во затворот. Како што истакна нашиот извор, покрај наведените опожарувања во списокот, има запалено уште едно возило и дуќан во Маџари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Статистичките податоци покажуваат дека секој месец по неколку илјади луѓе се бришат од евиденцијата на невработени во државава.

За скоро 60 години, ако темпото се оддржи, еднаквоста меѓу родовите во Македонија ќе се изедначи.

фото Фејсбук/Бојан Маричиќ

Слично

Поврзани вести