Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вајц гледа прозорец на можности, потребни се реформи и уставни измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вајц гледа прозорец на можности, потребни се реформи и уставни измени

ВАЈЦ СОВЕТУВА МАКЕДОНИЈА ДА РАБОТИ НА РЕФОРМИТЕ

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата.

Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски.

ТАТКОТО НА ДЕВОЈКАТА ЗА КОЈА СЕ ПОТВРДИ НАСИЛНА СМРТ ВЕЛИ ДЕКА ОСОМНИЧЕНИОТ ЈА СЛЕДЕЛ И ГО ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА

Марија Маринковска, девојката на возраст од 35 години, за која обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт, на своето семејство кажала дека осомничениот за убиствата Т.Б. ја следи. Во последниот телефонски разговор, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши, пренесува Радио Бум.

Ова се деталите од потресното сведоштво на нејзиниот татко, Зоран Маринковски, чие семејство поминало низ двоен шок – од погреб со уверување дека станува збор за природна смрт, до страшната вистина по ексхумацијата.
СЕ НАВРШИЈА 22 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се огласи по повод 22-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. Мицкоски истакна дека државата со почит се сеќава на човекот кој својата служба ја извршувал со достоинство и верба во иднината.

„Денес со длабока почит и благодарност се сеќаваме на човекот кој својата служба кон татковината ја извршуваше со достоинство, визија и непоколеблива верба во иднината на државата. Неговото лидерство беше водено од идејата за стабилна, демократска и европска Македонија, држава на соживот, разбирање и еднакви можности за сите“, наведе Мицкоски.

Тој додаде дека и по повеќе од две децении, обврската кон делото на Трајковски останува водилка за градење на државата со одговорност и единство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Гевгеличани велат дека Грците доаѓаат во градот, но не практикуваат да посетуваат бутици и да купуваат облека и обувки како пред десетина години.

Иако годината ја почнаа со намалени нарачки, најмногу од главниот партнер во Германија, познатата конфекциска компанија АД „МОДА“ Свети Николе  успеа да ја заврши минатата година со добивка.

Во Собранието пристигна законска измена на договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид со нов анекс - осми по ред, со кој ќе се доплаќаат дополнителни 200-тини милиони евра за доизградба на делницата.

Американскиот Департман за војна, предводен од секретарот Пит Хегсет, направи исклучителен преседан со барањето компаниите за вештачка интелигенција да ги отстранат безбедносните механизми на нивните јазични модели (LLMs) кои се применуваат во програмите за одбрана и во начинот на кој се планира и извршува војувањето под водство на Пентагон.

Кире Наумов, најверојатно последен функционер што имаше директорска позиција од претходната власт, е разрешен како прв човек на Развојна банка на РСМ од страна на Надзорниот одбор.

Слично

Поврзани вести