Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вајц бара да се награди напредокот на Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вајц бара да се награди напредокот на Македонија

ВАЈЦ БАРА ДА СЕ НАГРАДИ НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во текот на дебатата за европската иднина на земјите од Западен Балкан се заложи за нејзино наградување за напредокот и за спроведените реформи.

– Многу земји во регионот, а секако и Република Северна Македонија, покажаа напредок, спроведоа реформи, ова е видливо. Плаќањата се извршени кон земјата, постои динамика во оваа земја. Се работи на реформите што ги побаравме и ова треба да се награди. Можеби со делумна интеграција на пазарот и нашиот роаминг простор – рече тој.

Според Австриецот, целта е да не се изгуби мотивацијата во Македонија, додавајќи дека лично верува оти прашањата за идентитетот го растргнале регионот на Западен Балкан.

– Рани се отворени и навистина е многу важно кога една од овие земји ќе постигне напредок и ќе има добри односи со своите соседи. Не ни треба повторно регион со етнички проблеми – рече Вајц.

Тој посебно ги револтираше бугарските европратеници со алузиите кон Бугарија и нејзиното соучесништвото со нацистичкиот режим во Втората светска војна.

– Инвестирањето во помирување и во добри билатерални односи не е лесно. На Австрија ѝ беа потребни 40 години за да признае дека била соучесник во нацистичкиот режим – рече Вајц.

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ЗАПАЛИ ВОЗИЛА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

На 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

„На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка.

НБРМ ЈА ЗГОЛЕМИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА

Народна банка на Македонија ја заострува монетаранта политика и денеска донесе одлука со која ја зголемува основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од 4 отсто на 4,25 проценти. 

- Од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар. Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачката на девизи, а најновите информации носат поголема извесност за скоро смирување на конфликтот на Блискиот Исток. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Голем број Балканци живеат во Германија и таа бројка најверојатно и понатаму ќе расте со оглед на економскaта ситуација во регионот. 

Вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство или АЦВ се меѓу „највреднуваните“ во државните институции, и тоа го велиме поради фактот што просечната плата во оваа институција минатата година достигнала над 2.700 евра.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести