Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставниот суд одлучи, во изводите нема да има националност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставниот суд одлучи, во изводите нема да има националност

ВО ИЗВОДИТЕ НЕМА ДА СТОИ НАЦИОНАЛНОСТ

Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

- Судот денеска изрази сомнеж во уставноста во членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и во членот 13 став 1 точка 1, во делот националност. Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведени лични податоци како што се името, презимето, податоците за раѓање и живеалиште граѓаните да ја наведуваат и својата национост во матичните книги за родените, за венчаните и за умрените лица, изјави портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Денеска неофашистот Апасиев, слави победа над неговиот Тито, коментира министерот за правда, Кренар Лога за Левица.

ПОСТАВЕНА УШТЕ ЕДНА ЕЛКА НА ПЛОШТАД

Град Скопје денеска постави уште една елка на главниот плоштад, што наликува на онаа што беше претходно наместена и предизвика негативни и саркастични реакции меѓу граѓаните.

Една од најактуелните теми деновиве на социјалните мрежи е елката на плоштадот во центарот на Скопје. Иако завчера таа беше половично накитена, во текот на вчерашниот ден елката беше довршена.

Тв 21 направи анкета со граѓаните кои беа на градскиот плоштад во Скопје, за тоа дали се задоволни од украсувањето на главниот град.

ЛИЛЕ СТЕФАНОВА Е ИЗБРАНА ЗА ОБВИНИТЕЛ ВО РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство.

Taa денеска е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, односно стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.

На ова позиција уште неколку дена е обвинителот Љубомир Јовески, затоа што мандатот му истекува на 25 декември.

Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а до пред изборот работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Министерството за економија достави предлог за нов Закон за енергетика по повеќе од пет години, со кој ќе се уредуваат новите видови на бизниси со продажбата на електрична енергија во земјата, а еден од нив е и складирањето на струјата.

Поранешен банкар и монетарец, професор и надворешен советник на премиерот, ќе го води Фискалниот совет на земјава, ново тело кое треба да ги одобрува и контролира фискалните и даночните политики на државата, со цел таа да биде зауздана во трошењето на народните пари.

Граѓаните велат дека не сите можат да си дозволат да го загреваат целиот дом во зима. Повеќето загреваат само една соба, со цел да заштедат. Но, ваквиот тип на штедење си влијае на квалитетот на живот. Експертите претходно говореа на темата дека дел од граѓаните загреваат само една соба.


Слично

Поврзани вести