Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра

УСТАВЕН СУД ГО ПОНИШТИ СОЛИДАРНИОТ ДАНОК

Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно даночени солидарен данок.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ СЕ ПРЕСТАВИЛ КАКО НОВИНАР И ВО СОФИЈА СО БУЏЕТСКИ ПАРИ ПЛАТИЛ СМЕСТУВАЊЕ

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија.

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата.

СКОПЈЕ И КУМАНОВО СЕ ПОВРЗУВААТ СО ВОЗ

Денеска беше најавена нова редовна железничка линија од Скопје кон Куманово. Како што посочи министерот за транспорт и врски, Алекснадар Николоски, возот од Скопје за Куманово ќе се патува 41 минута и ќе сообраќа двапати дневно.

Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.

- Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо - изјавиНиколовски по денешната посета на „Железници Транспорт". 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во некои македонски градови, купувањето венчаници е тренд, а во други повеќе се практикува шиење или изнајмување. Од бутиците за венчаници објаснуваат дека им доаѓаат клиенти со различни желби.

Токму на Светскиот ден за борба против ракот, добри вести за пациентите кои примаат биолошка терапија – по извесен застој, тие конечно повторно го добиваат неопходниот лек. Ова претставува значајна олеснителна околност за многумина кои се соочуваат со тешката битка против оваа болест и покажува колку е важно навремено снабдување со современи терапии.

Новите големи акционери во „Македонијатурист“, кои досега вложија над 50 милиони евра во акции на најголемата хотелиерска компанија, се исправени пред голем предизвик. 

Голема компанија влегува и во голем износ на задолжување. Таков е примерот со Тутунски комбинат од Прилеп, кој ќе земе кредит од 13 милиони евра од две моќни македонски банки.

Слично

Поврзани вести