ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен ги отфрли иницијативите против „Безбеден град“
УСТАВЕН ГИ ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВИТЕ ПРОТИВ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“
Уставниот суд објави дека на денешната седница судиите одлучиле да ги отфрлат сите иницијативи за оспорување на системот „Безбеден град“. Ова значи дека системот останува на сила.
Три иницијативи беа доставени до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот со кој се овозможува воведување на системот „Безбеден град“, а сите беа споени во еден предмет.МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МАРКЕТИТЕ
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со претставници на големите маркети и разговарале за цените. Ова се случува по војната која изби на Блискиот Исток.
„Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните“, вели Мицкоски.МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОТКРИ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ БРЗИТЕ КРЕДИТИ
Министерството за финансии во реализиран надзор над работењето на финансиските друштва за брзи кредити констатирало одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.
„При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво“, објави министерството.МЕЃУНАРОДНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ОДЛУЧИ ДА ПОЧНАТ СО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИ НА НАФТА
Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да почнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата. Oва го потврди извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
