ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условно осудено и протерано од Македонија е лицето кое вееше карта на „Голема Албанија“
ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е ОСУДЕН УСЛОВНО И ПРОТЕРАН ПОРАДИ ВЕЕЊЕ КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
Германски државјанин е осуден за веење знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија–Карабаг. Тој е протеран од земјава.
Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.МИЦКОСКИ ЛЕТУВА ВО ХРВАТСКА
Од владината прес-служба информираат дека премиерот Христијан Мицкоски во следните четири дена ќе користи годишен одмор и ќе престојува во Хрватска.
- Тоа ќе биде кратка пауза, пред повторно да се врати на своите обврски со полн интензитет, одговориле од таму за Плусинфо.
МИНИСТЕРОТ ОБЈАСНИ КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ
Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по промоцијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот.
На новинарско прашање поврзано со изградбата на новиот паркинг простор на Клинички, министерот рече дека наредната недела на прес-конференција ќе соопшти повеќе детали, но, вели, она што може да го каже во овој момент е тоа дека договорот ќе биде потпишан со Јавното претпријатие Градски паркинг кое и досега раководеше со паркингот на Клинички.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради сушите годинава, многу луѓе иако саделе одредени култури, ги наводнувале, прескале, сепак родот е слаб и неквалитетен и ќе мораат да купуваат храна. Иако вложиле време, пари, труд, сепак ќе мораат да купуваат намирници. Многу поплаки има за слабиот род на гравот.