ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште двајца директори поднесоа оставки, Мицкоски вели ако Данела не се извини ќе има тужби
УШТЕ ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ КАЈ АРСОВСКА
Директорите на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов и на ЈСП Турс, Филип Василевски , денеска денеска поднесоа оставки оред градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по отворениот судир со ВМРО-ДПМНЕ.
Досега шест директори на комунални претопријатија си дадоа отказ пред Град Скопје, откако претходно тоа го направија и директорот на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје, Воислав Димитровски како и директорите на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски и ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски откако беше разрешен в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, Златко Перински.ЈОВЕСКИ ВЕЛИ СЕ СОБИРААТ ДОКАЗИ ЗА РУСКОВСКА
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека „треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката“ за суспензијата и дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
- Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески.ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА ЏАФЕРИ
Во меѓувреме Левица објави дека до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесена е кривична пријава против претседателот на Собранието – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
