ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште 30 дена вонредна состојба, инфициран градоначалникот Димитриевски
УШТЕ 30 ДЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Стево Пендаровски, по завршување на седницата на Советот за безбедност рече дека не му се допаѓа тоа што цела Македонија треба да биде во карантин од повеќе од три дена со забрана за движење од утре од 16.00 часот до вторник до 05.00 часот.
- Во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80- часа спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки. Истото го мислам и за стопанството. Треба да се размислува за фазно постепено враќање на економската активност во нормала. Целиот свет ќе мора да научи да живее со корона вирусот, рече Пендаровски.
Тој рече дека вонредната состојба чии 30 дена истекуваат денеска дека нема да биде формално-правно продолжена, затоа што нема уставен основ, и ќе биде донесена нова 30-дневна.- Во ситуација кога Собранието не работи, се носи нова одлука за вонредна состојба. Тоа не ја намалува одговорноста сите политички субјекти да ги кажат своите ставови на средината на мај кога ќе ги има истите дилеми, наведе шефот на државата.
ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19 Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за Тв 24 изјави дека во неделата им е земен брис, на членовите на кризниот штаб.
Вели дека кризниот штаб ќе продолжи да работи.
Димитриевски е во изолација.
„Секој е во своја соба, јас во посебна просторија, како што налагаат епидемиолозите“, рече Димитриевски.
Вели дека се чувствува добро, може да работи и ќе го даде својот максимум.ВЛАДИНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Членовите на Владата кои беа присутни на кризниот штаб во Куманово одат во самоизолација, Владата продолжува да функционира непречено
По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.
БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ НАДМИНА 1.000
Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук информира дека во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, а направени се вкупно 660 тестови.
Нови дијагностицирани според градови:
Скопје – 28
Куманово -44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес -4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани -1
Кичево -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во очекување претседателот Стево Пендаровски да одлучи да ја продолжи вонредната состојба во земјава, граѓаните, иако се свесни дека карантинот е неопходен, се потешко ги издржуваат рестриктивните мерки.
