ФАКТОР НА ДЕНОТ: Урсула ни порача дека Европа нè чека, а во Собранието пратеници го кинеа и палеа францускиот предлог
УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ВЕЛИ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ГИ ШТИТИ НАШИТЕ ИНТЕРЕСИ
-Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште ден чекор кон нашата Унија. Денеска сум овде, затоа што верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.
Вашата држава, посочи Фон дер Лајен, е кандидат да стане земја членка на ЕУ од 2005 година, а многумина од вас овде и многу други кои се отсутни, работевте напорно да станете членка на ЕУ, но сега сите, како што рече, мора да го свртиме погледот напред и мора да ја искористиме можноста пред нас да ги започнеме пристапните преговори и да работиме заедно на патот што ве води кон ЕУ.ВО СОБРАНИЕТО ИМАШЕ НАВРЕДИ, А ПРАТЕНИЦИ ГО КИНЕА И ПАЛЕА ПРЕДЛОГОТ
Современите македонски администратори поднесоа лажен документ кој го кинам пред вас, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
Вели дека без печат од македонскиот народ ниеден документ нема да има легитимитет.
„Со вакви современи македонски администратори, нас веќе не ни се потребни ниту внатрешни ниту надворешни окупатори, фашисти, нацисти, терористи“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески денеска во Собранието го запали францускиот предлог на говорница.
Тој мислел првично дека ќе има реципроцитет, дека придобивки ќе имаат и Македонците во Бугарија, но предлогот не нуди такво нешто.KOВАЧЕВСКИ ПОВИКА ДА ГО ПРИФАТАТ ПРЕДЛОГОТ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието вели дека денеска дебатираат за предлогог за дефинирање на почетокот на преговори со Европската Унија(ЕУ).
Вели точно е дека пред самитот во Брисел, имале сет на идеи, а не официјален предлог. Рече дека таму каде што треба, пред сите 27 лидери, членки на унијата кажал гласно НЕ.
„Тој сет на идеи не беше во согласност со нашите консензуално утврдени државни позиции“, рече Ковачевски.ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ЛИЦА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО
Полицијата денеска приведе пет лица затоа што фрлале предмети кон Собранието.
Приведени се С.Н. (44) од Скопје, Д.К. (41) од Скопје, А.С. (30) од с. Бардовци, М.С. (26) од Скопје и Б.Ц. (29) од с. Долно Коњари.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.ПАНЧО МИНОВ ПРИЈАВИЛ ЗАКАНИ
Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред собраниската седница на која пратениците ќе расправаат за „францускиот предлог“.
„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, е наведено во дневниот билтен на МВР.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
