ФАКТОР НА ДЕНОТ: Урсула фон дер Лајен се надева дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени
ФОН ДЕР ЛАЈЕН СЕ НАДЕВА ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЌЕ ПОМИНАТ
Шефицата на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен се надева дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени.
Вели дека ова е со цел придвижување на земјава на европскиот пат.
„Македонија припаѓа во ЕУ“, напиша на социјалната мрежа Твитер, Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.
Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на државата и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.
„Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Македонија во Европската Унија“, вели Ковачевски.ПОЧИНА ПАЦИЕНТОТ КОЈ БЕШЕ ВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ДОДЕКА ЕКИПАТА ПИЕЛА КАФЕ НА БЕНЗИНСКА
Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“. Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.
Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач.
Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август.КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА И ВУЧИЌ ЛИЧНО ЌЕ СЕ ИЗВИНИ АКО ГРАЃАНИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ НАВРЕДЕНИ
Премиерот Димитар Ковачевски, синоќа со интригантен пост за средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ковачевски на својот Фејсбук објави заедничка фотографија и под неа напиша дека имал средба со Вучиќ во Атина, на која било истакнато дека србите не сметаат за пријателски народ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Дел од сточарите веќе информираа преку медиумите дека наскоро ќе поскапе сирењето, затоа што тоа се прави без додатоци, нема работници, но не е за занемарување и фактот дека и сточарството трпи одредени штети поради климатските промени.