Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Упад во Контрола на летање, нападнати вработени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Упад во Контрола на летање, нападнати вработени

УПАД ВО КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ

Одлука за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) се очекува вечерва како мерка додека не се реши случајот во кој беа нападнати контролори на летање вработени во М-НАВ, изјави претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, во вечерашното гостување на Сител Телевизија.

Тој потенцираше дека денешниот настан кај нив предизвикал дополнителен гнев и не се исклучува можноста за затворање на небото.

- Доцна вечерва ќе се одржи состанок каде што не се исклучува можноста за затворање на комплетен воздушен простор сѐ додека не се казнат сторителите на денешниот настан. Бидејќи пред сѐ мора го заштитиме секој наш контролор за летање како колега, секој вработен во оваа фирма, како и патниците кои прелетуваат, рече Тасевски.

Демократски сојуз(ДС) бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ.

СРПСКИ ПОЛИТИЧАР ОБЈАВИ НОВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЗИЛОТО СО КОЕ БЕШЕ КИДНАПИРАНА ВАЊА

Нови фотографии од автомобилот со кој била киднапирана младата Вања Ѓорчевска се објавени денеска на социјалните мрежи од страна на српски политичар, Срѓан Ного, кој најавува нови детали и досега необјавени факти за случувањата и поврзаноста меѓу обвинетите и жртвите, Вања и Панче. 

Станува збро за фотографии кои досега не биле споделени со јавноста, а Ного најавуа дека утре во попладневните часови ќе објави повеќе податоци и снимки од автомобилот. 

АХМЕТИ ПЕЕ ВО КАБИНЕТОТ НА ГРУБИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прослави 65 роденден, а вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук профил објави видео од малата веселба со чифтелии во неговиот кабинет.

Ахмети ги покажа гласовните способности и талентот за пеење.

СО ХЕЛИКОПТЕР Е СПАСЕНА ЖЕНА КОЈА СЕ ОДДАЛЕЧИЛА ОД ДОМА

Полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР во координација со СВР Битола денеска во реонот на селото Требовлје ја пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од селото Косово, Општина Македонски Брод. Б.Н.(50), инаку брат на жената на 1 јануари во ОВР Македонски Брод пријавил дека таа се оддалечила од домот.

В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар „Мајка Тереза”.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со амбуланти, детски градинки и објекти за времено сместување кои имаат сопствени мензи и соби за престој ДТИРЗ значајно ќе ја зголеми атрактивноста за вработување на нови лица во постоечките капацитети во  економските зони, но што е поважно ќе ја подобри нивната конкурентност во привлекувањето на нови компании кои ќе покажат интерес да отворат производни капацитети во Македонија

Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати уште 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за проектот за изградба на четирите автопатски делници од договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

За македонската економија се многу важни паричните средства кои ги испраќаат иселениците и луѓето кои се на привремена работа во странство. Тие придонесуваат за поголема економска активност и поголема лична потрошувачка.

За Еуроникел индустри, односно поранешниот комбинат ФЕНИ од Кавадарци, се бара отворање на претстечајна постапка. Таква пријава стигнала во Централниот регистер на крајот на декември минатата година,  а таа е примена во регистерот на 29 декември. Во пријавата стои дека се бара претсетечај, односно претходна постапка за должникот Еуроникел Индустри од село Возарци, Кавадарци, кое е регистрирано како трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести