ФАКТОР НА ДЕНОТ: Унгарски медиум објави дека Груевски веќе добил унгарско државјанство
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ДОБИЛ УНГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада.
Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.
Порталот посочува дека државјанството претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде одземен, додека одземањето државјанство е значително посложена постапка.
РУСКИ ДРОН УДРИ ВО ЗГРАДА ВО РОМАНИЈА И ПОВРЕДИ ДВЕ ЛИЦА
Жена на возраст од 51 година и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон се урна во станбена зграда во романскиот град Галаци. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објави Либертате.
„Дронот го удрил покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го зафатила станот подолу. Не го погодил директно станот, туку покривот. Во станот погоден од експлозијата имало две лица кои биле полесно повредени: 51-годишна жена и 14-годишно дете“, рече Сион.
Жената и детето се евакуирале сами, а подоцна се однесени во болница со полесни повреди и изгореници. Сион рече дека дронот експлодирал по ударот.РОМАНИЈА ГО ЗАТВОРА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ И ГО ПРОТЕРУВА КОНЗУЛОТ
Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот.
Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност, ја соопшти одлуката за затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и протерување на конзулот, пренесе телевизијата Диџи24.
„Синоќа се случи сериозен инцидент во кој беа повредени двајца граѓани, а целата одговорност за тоа е на Русија. Генералниот конзул на Русија во Констанца е прогласен за персона нон грата, а конзулатот во Констанца ќе биде затворен. На состанокот на Советот за национална безбедност разговаравме и за прашања поврзани со цивилната заштита. Синоќа реакцијата беше многу брза и министерот за внатрешни работи нè информираше за мерките што веќе се преземени за целото потенцијално погодено подрачје, зголемувајќи го бројот на персонал и мерките. Значи, ние сме подготвени во таа насока“, додаде романскиот претседател.СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Бројот на невработени е намален за 1 oтсто во првото тримесечје од 2026 година во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје лани. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени се 37,6 проценти.
Според Државниот завод за статистика(ДЗС), активното население брои 797.884 лица од кои вработени се 707.385, а невработени 90.499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.фото принтскрин јутјуб
