ФАКТОР НА ДЕНОТ: Унгарија ветува поддршка за Македонија на патот кон ЕУ
УНГАРИЈА ВЕТУВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија за време на средбата со својот унгарски колега се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија – за најавениот заем од половина милијарда евра, како и помошта при справување со пожарите.
Со порака оти проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на средбата со својот македонски колега Тимчо Муцунски нагласил оти Унгарија ќе продолжи да го поддржува забрзаното интегрирање на земјава.
МИЦКОСКИ Е ЗАДОВОЛЕН ОД МЕРКАТА ЗА ПРИБОРОТПремиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од владината мерка за ограничување на профитната маржа кај трговците со училишен прибор. Според она што го добил како инфо, цените се намалени во книжарниците.
„Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства.
Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште.СИРИЗА РЕАГИРА ОТИ ТУРСКИОТ МИНИСТЕР КАЖАЛ МАКЕДОНИЈА
Од грчката партија СИРИЗА се лутат затоа што турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан вчера во Скопје го употребил името Македонија, без придавката Северна.
СИРИЗА ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Северна Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Кирјакос Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поранешниот долгогодишен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, како назначен национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, од страна на Владата со одлука за утврдување на коефициенти ќе добива нето-плата од околу 105.000 денари месечно.Бројот на туристи, но и бројот на ноќевања во текот на изминатата година покажува дека веќе се достигнати и надминати бројот на посети од пред пет години, поточно од 2018 година. Сепак, минатата година се уште не е достигнат врвот како во предпандемиската 2019 година, кога во Македонија имаше најголем број на туристи, проследено со најмногу ноќевања.
