Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украинците се пробиваат кон Херсон, а Илон Маск даде предлог како двете земји да стават крај на војната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украинците се пробиваат кон Херсон, а Илон Маск даде предлог како двете земји да стават крај на војната

ОБВИНЕТИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ТОТ ЗНАЕЛЕ ШТО ПРАВАТ

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.

Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.

УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ КОН ХЕРСОН

Проруските сепаратисти објавија дека украинските сили напредуваат кон Херсон. 

Тие ослободиле села долж десниот брег на реката Днепар во јужна Украина, напредувајќи и на вториот фронт на кој почнаа противофанзива. Прорускиот шеф на управата на Херсон, Владимир Салдо, потврди дека украинските сили освоиле бројни населени места, стигнувајќи до околината на селото Дудчани, и тоа е напредување од околу 40 километри за само еден ден.

„Информациите се тензични. Украинците направиле пробив кај Днепар и имаат окупирано населени места“,  вели Салдо.

ИЛОН МАСК ДАДЕ ПРЕДЛОГ ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Извршниот директор на вселенската компанија Спејсекс, Илон Маск има предлог за мир меѓу Украина и Русија во 4 точки. 

Тој предлага да се повторат гласањата во припоените региони на истокот на Украина во кои Москва спроведе референдуми, но овој пат тие да бидат под надзор на Обединетите нации.

„Русија заминува ако тоа е волјата на народот’, напиша Маск на Твитер.

Додава дека според неговиот предлог Крим останува формален дел од Русија.

„Како што беше од 1783, до грешката на Хрушчов“, пишува Маск и додава дека водоснабдувањето на Крим би било обезбедено, имајќи предвид дека полуостровот има проблеми со снабдувањето со вода поради Киев.

Маск предлага Украина да остане неутрална, што е важно имајќи предвид дека земјата официјално поднесе барање за членство во НАТО.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во земјава има семејства кои во зима се греат на пауловнија и велат дека се задоволни.

Али Ахмети е единствениот политички лидер во Македонија кој 20 години без престан нема забележано ниту еден пораз. Губеле Црвенковски, Георгиевски, Грувски и Заев, ама Ахмети никогаш. 

Уште двајца членови на Управниот одбор го поддржаа Страшо Милковски, долгогодишниот директор на најголемата градежна компанија, а освен нив солидна сума во акциите на „Гранит“ вложи и членка на Надзорниот одбор.

Да се биде конкурентен на пазарот и во чекор со современите текови во едни вакви турбулентни и неизвесни економски времиња, не е нешто што им успева на многу македонски компании. 

Слично

Поврзани вести