Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина и Молдавија почнуваат преговори со ЕУ, Македонија со статус кво во процесот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина и Молдавија почнуваат преговори со ЕУ, Македонија со статус кво во процесот

УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ПОЧНУВААТ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Се отвораат престапните преговори на Европската Унија (ЕУ) со Украина и Молдавија.

„Европскиот совет денеска одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија“, соопшти претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој на социјалната мрежа Х (Твитер) изјави дека Европскиот совет доделил кандидатски статус на Грузија.

„И Европската унија ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина откако ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, нагласи Шарл Мишел.

Унгарија е незадоволна затоа што Европската Унија(ЕУ) почна преговори со Украина. 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата кога лидерите ја носеа одлуката за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за Гардијан тројца европски дипломати.

МАКЕДОНИЈА СО СТАТУС КВО ВО ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС

„Оваа работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку. Но, единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во Брисел.

„Не смееме да се откажеме од европската перспектива на Северна Македонија. ЕУ како и досега останува најголем и најсигурен партнер на земјата и на регионот. Местото на Северна Македонија е во Унијата и од тој процес не отстапуваме. Работиме напорно да ја оствариме својата стратешка цел - членство во ЕУ до 2030 година, порача премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Ковачевски вели дека како никогаш досега постои подготвеност за проширување на ЕУ - процес којшто отсекогаш имал геополитички апспект, но во овие моменти е важно и да се зачува и зајакне европската безбедност. „Тој процес на пристапување може да биде забрзан, но тоа ќе биде засновано на заслугите на секоја земја поединечно и на подготвеноста да ги носи одлуките кои треба да се донесат“, вели Ковачевски.

OБВИНИТЕЛКАТА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА БИЛА ДИСКРИМИНИРАНА

Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители по нејзината претставка за дискриминација поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пензионери од Германија, Франција, Холандија, Италија доаѓаат да живеат во Македонија поради ниските трошоци за живот. Тие купуваат или изнајмуваат имоти. Од агенциите за недвижности велат дека имале клиенти од развиените европски земји кои бараат живеалиште овде. 

Турската компанија Јилдирим е заинтересирана за купување на комбинатот за никел Еуроникел индустри, а поранешен ФЕНИ, кој во моментов е во сопственост на Комерцијална банка, дознава Фактор од свои извори.

Според бројот на регистрирани автомобили, камиони, автобуси, скутери, трактори и други превозни средства за набавка на налепници МВР ќе треба да издвои половина милион евра. Пар налепници во зависност од димензиите чинат од 29,5 до 41 денар

Се бараат шест нови членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје. Нивниот мандат, како што објавува Владата ќе биде четири години, и тие имаат право на уште еден мандат.

Во Македонија опфатот со МРП вакцината која штити од морбили, рубеола и заушки е далеку од потребното ниво за колективен имунитет за да не дојде до евентуална епидемија од овие болести. 

foto freepik.com/user17364411

Слично

Поврзани вести