ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина и Молдавија ги почнаа преговорите со ЕУ, а Македонија останува во чекалната
УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ГИ ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ
Украина и Молдавија ќе направат одлучувачки чекор кон приклучување кон ЕУ во понеделник, кога ќе започнат со првата фаза од преговорите за членство.
Почетокот на суштинските преговори во Луксембург ќе биде многу симболичен момент за двете земји кои беа дел од поранешниот Советски Сојуз.
Европската Унија денес го отвори првиот преговарачки кластер за пристапување на Украина и Молдавија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
„Сите земји-членки се согласија да го отворат првиот кластер на преговори за пристапување со Украина и Молдавија. На првата меѓувладина конференција во понеделник, ќе го отвориме кластерот врз темелите, што е 'рбетот на процесот на пристапување“, напиша Кошта на платформата X.ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ МАЖОТ КОЈ ЗАПАЛИ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА
Полицијата го уапси мажот што денеска ги запали возилата на бугарската амбасада во Скопје.
Веднаш по пријавата за пожарот, која е примена денеска во 12:13 часот, полициските служеници на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презеле интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
„Во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица“, се вели во полициското соопштение за случајот.МИЦКОСКИ ПОВТОРИ ДЕКА УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА
Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за централниот дневник на Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања.
ИРАН И САД ПОСТИГНАА ДОГОВОР, ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ОТВОРЕН
САД и Иран постигнаа договор за крај на војната.
Претседателот на САД, Доналд Трамп откри нови детали за договорот меѓу САД и Иран за време на разговор со новинарите на Самитот на Г7 во францускиот град Евијан-ле-Бен. Тој вели дека е среќен од исходот. Трамп, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека стратешки важниот Ормутски теснец веќе е делумно отворен, а целосно ќе биде отворен во петок, кога официјално ќе биде потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран.
Тој потврди и дека текстот на меморандумот ќе биде јавно објавен, најверојатно веднаш по официјалната церемонија на потпишување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
