Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ученик направи масакр во Белград, уби девет лица, Србија прогласи тридневна жалост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ученик направи масакр во Белград, уби девет лица, Србија прогласи тридневна жалост

МАСАКР ВО СРБИЈА, РЕГИОНОТ Е ВО ШОК

На вонредната прес-конференција на која се обрати српскиот претседател, Александар Вучиќ, по повод денешниот масакр во училиштето во Врачар, меѓу другото истакна и дека Коста Кецмановиќ, детето-убиец веќе е сместено на посебен оддел на невропсихијатрија.

- Од овој момент момчето е на посебно место. Тој ќе биде сместен во посебен дел на Клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружје кое несоодветно го чувал иако имал дозволи е уапсен, мајка му исто така приведена, истакна тој.

Седмоодделенецот Коста кои имал разработена шема за убивање на „примарни цели“, утрово уби осум ученици и работник од обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“. Злосторството го испланирал месец дена однапред и ги мапирал своите другари и редоследот по кој ќе ги убие.

СРБИЈА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ПОСТРОГИ МЕРКИ ЗА ДА НЕМА ВАКВИ ТРАГЕДИИ ВО ИДНИНА

Српскиот претседател Александар Вучиќ предлага лимитот за кривична одговорност да се намали од 14 на 12 години, откако денеска малолетник изврши масакр во училиште во Белград, каде загинаа 9 луѓе, а шест се повредени. 

Според српскиот претседател постои можност убиецот да знаел дека не може кривично и законски да одговара. Вучиќ предложи да се воведе мораториум за чување и носење оружје во наредните две години, освен за ловечко оружје. 

ПЕНДАРОВСКИ ЗЕМАЛ ПОВИСОКА ПЛАТА

Претседателот Стево Пендаровски денеска за медиумите потврди дека добил за 78 отсто повисока плата за месец април, откако Уставниот суд ги укина законските ограничувања.

- По ново 165.000 денари, по старо 93.000 денари. Тоа го објавија сите медиуми, потврди кратко шефот на државата пред новинарите.

Платата од 165 илјади денари.беше претходна пресметка што се добива од множењето на ланската просечна плата со неговиот коефициент според функцијата што ја извршува.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На маса се три опции. Првата е конверзија на 2 обични акции за секоја приоритетна акција. Тоа е утопија за која веќе се изјасни сопственикот на банката. Вториот предлог е на најголемиот акционер кој нуди замена на 0,8 обични акции за секоја приоритетна акција што според пазарната цена на акциите е повеќе од фер понуда. 

Иако веќе заврши грејната сезона, Владата одлучи да му префрли на АД ЕСМ државна помош од буџетот во висина од 50 милиони евра (три милијарди денари). Одлуката за одобрување на финансиска помош за справување со енергетската криза била одобрена на владината седница на 28 април.

Откако минатата ја заврши со одличен профит од 17,5 милиони евра, на нашиот челичарски гигант „Макстил“, годинава по се изгледа дека не му тргна баш најдобро.

Поголеми пакувања, замрзнати цени, плати два земи три производи, дополнително количество гратис во пакувањата, но и држење на цените на минимумот се мерките кои ги преземаат компаниите изминатиов период со цел да им излезат во пресрет на граѓаните во екот на една од најголемите кризи. 

Неизвесно е кога ќе се одржи тестирањето за државната матура, а инку вчера не се одржа ниту тестирањето по природни науки и математика кое е во рамки на меѓународното тестирање ТИМСС за четвртоодделенците, а кое исто така го спроведува Државниот испитен центар бидејќи досега немаат никаков одговор од Министерствот за финасии во однос на нивното барање за зголемување на платите.

Слично

Поврзани вести