Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне утре, Филипче вели дека наставниците треба да добијат повисоки плати

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Утре почнува новата учебна година. 

Утре 245.000 основци и средношколци почнуваат со настава. Новата учебна година почнува со физичко присуство за сите освен за ученици од неколку училишта каде од претходно не биле обезбедени просторни услови. Едносменска настава се воведува  во 140 училишта, а пролетниот распуст се укинува. 

ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА НАСТАВНИЦИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче дава поддршка за наставниците и вели дека во буџетот има пари за поголеми плати. 

„Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати. Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, понижени и запоставени“, изјави  Филипче.

ЛЕФКОВ ОБЈАСНИ ДЕКА ЕКС МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КУПИЛА КАРТИ ЗА ЛОНДОН,  А НЕ ПАТУВАЛА

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со нови обвинувања за екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која според нив, трошела народни пари за авионски билети дури и за дестинации каде не отишла. 

Од партијата ја нарекуваат Бисера Антоанета баш поради тоа што се расфрлала со народни пари. 

„Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3.000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон.

ПОВТОРНО ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Се запалил планинарскиот дом на врвот на Водно, а пожарникарите го изгаснале огнот. 

На пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила кои успеале да го изгаснат. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, вели дека успеале да го изгаснат пожарот.

МИНИСТЕРОТ ФИЛКОВ ВЕТУВА РЕФОРМИ

Реформи во правосудниот систем се неопходни и тие ќе се случат. Министерот за правда, Игор Филков објаснува дека во периодот кој следи имаат многу предизвици со кои ќе треба да се справат. Борбата со корупцијата останува во фокусот. 

Слично

Поврзани вести