ФАКТОР НА ДЕНОТ: Учебната година ќе почне со протести
НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ СО ПРОТЕСТИ
Новата учебна година ќе почне со протести. Независниот синдикат за образование и наука едногласно донел одлука за серија протести поради, како што наведуваат, непочитување на колективните договори и законот за минимална плата. Протестите ќе започнуваат откако ќе завршат часовите, што значи учениците нема да губат настава.
Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12 oтсто.ЕКС МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ОБЈАСНИ ДЕКА МОРАЛА ДА КУПИ КУФЕРИ
Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција рече дека брендираните куфери во Лондон ги купила со пари од службената картичка, затоа што, како што рече таа,м го загубила багажот.
Вчера Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ речедека таа додека била министерка купила два куфери Samsonite, од кои еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства.БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗАМИНУВАЊЕ ВЕЛИ НЕМА ПРЕГОВАРАЊЕ, ТУКУ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНОТО
Бугарскиот амбасадор во заминување, Ангел Ангелов, денеска пред медиумите рече дека дека нема да има нови преговори помеѓу Македонија и Бугарија затоа што, како што рече тој, тие се завршени.
Бугарскиот амбасадор во Скопје,кој си заминува в петок,речедека очекува Македонија да започне со исполнување на тоа што е договорено досега. Се надева оти Бугарија по изборите на 27 октомври ќе добие нова влада и дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Младиот агроном Филип Димкоски од Прилеп поседува органска градина и деновиве на социјалните мрежи објави фотографии од домати кои тежат над 700 грама.Во време кога светот се соочува со нови здравствени предизвици, вирусот познат како мајмунски сипаници, или по ново mpox, привлече внимание на глобално ниво. Оваа ретка, но потенцијално сериозна болест, која претежно се појавуваше во одредени делови од Африка, сега бележи растечки број на случаи во повеќе делови од светот.
И со новата власт продолжува вообичаената пракса да се префрлаат вонредни милиони евра од буџетот за одржување на Македонски железници Транспорт, а ни на повидок нема јасен план како да се реорганизира ова акционерско друштво во државна сопственист, кое мора да го финансираме, наместо со тие пари да се изгради некој нов јавен објект.
